Историски перверзии

Кога Балканот им помагаше на работниците во Шведска

Насловот звучи како кромид или како некоја ретро сатира, но не е; навистина постоело време кога на просторите на поранешна Југославија се собирале донации за поддршка на обесправената и угнетена работничка класа во Шведска.

"Приказната за достоинствена работа" е наслов на изложбата во Историскиот музеј на Сараево посветена на историјатот на борбата за работнички права на овие простори.

Приказната се следи низ локална призма, како илустрирана збирка приказни претставени преку новински статии, документи, фотографии и постери.

"Беше милина да се работи, уживав што бев трговец, се работеше и преку лето," евоцира  поранешна работничка од стоковната куќа Сарајка  велејќи дека порано било поубаво првенствено затоа што имало пари.

Меѓу бројните експонати може да се види и повик да се собираат донации за помош на угнетените браќа и сестри од Шведска. Веројатно се работи за познатиот генерален штрајк на работниците во Шведска на кој на нога се дигнаа 300.000 работници од таа земја.

 

7 октомври 2016 - 16:53