Таг: донации

БЛМ и компанија стигнаа до речиси 83 милијарди долари донации

Движењето Блек лајвс метер и каузите кои гравитираат околу него од 2020 до денес добиле или им биле ветени 82,9 милијарди долари од најразлични американски компании и корпорации, објавува Њузвик.

Фудбалот против вирусот: клубови помагаат болници, играчи даваат од плата

Фудбалскиот свет помага во борбата со COVID-19 како може: од купување маски и респиратори, до организирано донирање средства за болниците.

Лекција од реновирањето на Нотр Дам: Не се крстете во богаташи

Ќумурот од пожарот во катедралата уште беше топол кога француските и светските милијардери почнаа да надаваат кој повеќе ќе донира за реставрација на Нотр Дам. На крај беше ветена блесава сума пари, која предизвика спорадични критики (што не ги дадете на сиромашните) и громогласни аплаузи и хвалоспеви од светската публика. И за сега е останато на ветување.

Како да дадеш 1,8 милијарди долари во добротворни цели и пак да згрешиш

Милијардерот Мајкл Блумберг одлучи да го помогне Универзитетот Џонс Хопкинс, во кој има завршено, и да му донира 1,8 милијарди долари како финансиска помош. Иако не е ни блиску до најбогатите, Универзитетот само во 2017 има добиено околу 3,8 милијарди долари во донации.

Кога жени собирале пари за грам радиум

Местото на Марија Кири во историјата ѝ припаѓа заради истражувањето на радиоактивноста, но еден поглед во нејзината биографија открива уште една област во која била пионер - јавното собирање средства, или денес познато како „краудфандинг“.

Каде одат парите од донации собрани после трагедија?

Во минатогодишниот масакар во геј-клуб во Орландо беа убиени 49 луѓе а 60 беа ранети. По ова, од онлајн донации, две организации собраа речиси 32 милиони долари. А кај се двајца, таму е и поделбата.

Кога Балканот им помагаше на работниците во Шведска

Насловот звучи како кромид или како некоја ретро сатира, но не е; навистина постоело време кога на просторите на поранешна Југославија се собирале донации за поддршка на обесправената и угнетена работничка класа во Шведска.

Нишлијата кој од трета смена во фабрика ќе оди во Рио

Ниш годинава на Олимписките игри во Рио ќе има еден претставник, атлетичарот Ненад Филиповиќ кој по трет пат обезбеди олимписка норма во дисциплината брзо одење на 50 км. Во Бразил ќе патува после трета смена во Јужнокорејската фабрика Јура во Ниш.

Што е проблемот со фондацијата на Гејтс и Бафет

Во 2010-та кога Бил Гејтс и Ворен Бафет ја објавуваат 'Giving Pledge' иницијативата за раздавање на своето богатство, германскиот милионер Питер Крамер, излезе во Шпигел за да објасни зошто не се приклучил на идејата на двајцата милијардери.

Како заврши образовната донација на Закерберг од 100 милиони долари?

Како и нашите, и американските медиуми обично им даваат голем публицитет на милионските донации но подоцна ретко кој проверува како тие завршиле. Пред некоја година Закерберг од Фејсбук донираше 100 милиони долари за школите во Њуарк, една од најбедните заедници во Америка. Што се случи со тие пари? Нишчо особено. 

Олигаргхијата владее со изборите

Поранешниот американски претседател Џими Картер изнесе тешки обвинувања за постоечкиот изборен модел во САД нарекувајќи ја земјата олигархија која има неограничени можности за политичко подмитување.

На кого е најпаметно да му се помогне

Имате 8 милијарди долари и сакате со нив да направите не само нешто добро, туку најдобро што може да се направи со тие пари. Што се прави во таков случај?

Јавноста најмногу му верува на јавното

Во САД постои еден интересен медиумски модел на јавни радио станици и телевизии кои не живеат од реклами. Моделот не е доминантен но дава исклучителни резултати. Не, тоа не значи да крадеш од други медиуми и тоа да им го наплаќаш на читателите. 

Побогат си отколку што мислиш

Ако си писмен, имаш пристап до интернет, можеш да си дозволиш да наполниш некаков вид на смартфон / таблет што е твој и имаш доволно време за читање, тогаш ти си доволно богат за да им помогнеш на сиромашните во светот.

Граѓански инвестиции во партиски плукања

За само еден месец, Американците решиле да дадат вкупно 36 милиони долари за негативните кампањи кои ги очекуваат следната година.

Широките срца на фудбалерите

Кариерата им трае околу 15 до 20 години, парите кои ги заработуваат за тоа време се енормно големи, па без проблем си дозволуваат разни луксузи и авантури. Но тука не завршува приказната за фудбалските ѕвезди кои имаат милиони. Некои од нив знаат многу добро како да помогнат.