Дидие Дрогба
Најдобриот фудбалер на Брегот на Слоновата коска, Дидие Дрогба во 2010 година во магазинот „Тајм" беше избран на листата на 100 највлијателни луѓе во светот, пред имиња како Силвио Берлускони, Бил Клинтон, Џорџ Буш и Мадона. Но има и зошто. Славниот напаѓач е еден од најхуманите фудбалери.
Пред 3 години, земјата каде што е роден Дрогба се соочуваше со граѓанска војна, а токму тој ја водеше кампањата за мир. Основаше своја фондација која за кратко време изгради и реконструираше многу болници во поранешната француска колонија.
По само неколку месеци фондацијата почна да помага и во другите афрички земји, а беа изградени и десетина училишта. На почетокот главен инвеститор беше самиот фудбалер кој ги даваше парите од свој џеб.
„Не сакам да коментирам колку пари сум вложил, тоа не е примерно, но ако толку ве интересира се работи за суми со 8 цифри. Најважно е што во проектот се вклучија моќни луѓе кои сакаат да помогнат, затоа што не можам да постигнам сам", изјави Дрогба.
Грег Белами
Познат е како фудбалер кој често играше грубо, а еднаш заврши во затвор откако во клуб во Кардиф гостите ги нападна со бејзбол палка. Но само со една посета во Сеира Леоне неговиот живот се промени. Се работи за Грег Белами кој раководи со својата фондација и многу често патува во сиромашните краеви во Африка.
Дава големи донации за реновирање на училишта и сиротопиталишта, но и игра фудбал со децата. Пред неколку години тој "избега" од Ливерпул во сред сезона на неколку дена и замина во Африка, а во клубот беа бесни на тој потег, кој беше поздравен од јавноста.
„Децата кои ги посетувам забележувам дека имаат огромна почит кон фудбалот, нешто што не можам да го зебележам во Англија. Тие заслужуваат помош во секој момент", изјави Белами.
Мајкл Есиен
Фудбалерот на Реал Мадрид веќе 5 години издвојува една третина од својата плата за фондација која се бори за подобар живот на децата во својата родна земја Гана.
„Фондацијата Есиен" помага за едукација, здравствена заштита и хигиена во сиромашните афрички држави, а големиот борец од средниот ред на Кралевите вети дека уште повеќе ќе се бори против сиромаштијата во Африка кога ќе му заврши кариерата.
Самуел Ето
Репрезентативецот на Камерун заработи многу пари во Барселона и Интер, но руски Анжи му дава плата од 20 милиони евра годишно. Популарниот напаѓач донира најмногу пари за образование на децата, а до сега има вложено неколку милиони за школарина на млади фудбалери, но и средношколки и студенти.
Еден од најплатените фудбалеи во светот донираше и комплетна медицинска опрема за амбуланти и болници во сиромашните делови на Камерун.
Марио Балотели
Многу натписи во весниците се поврзани со глупостите на италијанскиот напаѓач со што и си создаде популарност. Контроверзен е на теренот, но доста загрижен кога гледа бездомници на улиците на кои најмногу им помага.
Тој на најсиромашните им дава од 20 до 2000 евра, а познато е дека на една група луѓе без покрив на глава им платил неколку дневен аранжман во хотелот „Хилтон“ во Манчестер. Супер Марио исто така посетува и болници, а вложува и многу пари за истражување на нови лекови.
Зинедин Зидан
Секоја година некаде кон крајот на јуни кога се завршени сезоните во националните првенства, големиот poraneèen француски фудбалер Зинедин Зидан организира хуманитарен натпревар насловен како „Зидан и пријателите".
Натпреварите секоја година се играат во различен град, а парите од влезниците се донираат за борба против сиромаштијата во цел свет. Оние кои учествуваат, задолжително мора да донираат и процент од својата плата. Минатата година во Мајами мечот го следеа 80 илјади гледачи.