Дунинг- Кругеровиот ефект е девијација во мислењето при што некомпетентни поединци страдаат од илузорна супериорност и погрешно го вреднуваат своето мислење како повисоко од просечното. Состојбата се должи на менталната неспособност да се увидат сопствените грешки.
Дунинг и Кругер го категоризираат овој феномен во 1999-та година, но упатуваат и на претходните мислители кои го воочиле овој феномен како што е Дарвин ("Незнаењето се храни со самодоверба") или Бертранд Расел ("Болна вистина за ова време е што глупавите се цврсто сигурни во себе а паметните се полни со дилеми и нерешителност").
Тие и експериментално ги истражувале своите хипотези утврдувајќи дека некомпетентните:
- имаат склоност да го преценат нивото на некоја своја вештина;
- имаат склоност да не воочуваат вештини кај другите;
- неспособни се да ја согледаат големината на својот проблем;
- одбиваат да признаат дека нешто им недостасува.
Тоа е.