- Управниот одбор на Nvidia го врати Јенсен Хуанг за извршен директор и претседател на одборот, иако до пред неколку дена тврдеше дека тоа нема намера да му ги врати позициите на основачот на компанијата.
- Веднаш по објавувањето на ненадејната одлука, цената на акциите на Nvidia скокнаа за 33%.
- Хуанг поднесе оставка претходната недела по откривањето на вонбрачни врски со Кинескиња за која се тврди дека е шпион на Пекинг и со уште една жена вработена во компанијата, која хиерархиски му е директно подредена.
- По консултациите со високи функционери во владата на САД, одборот едногласно одлучил Хуанг да продолжи да ја води компанијата.
- Претседателот Доналд Трамп ја поздрави одлуката на Nvidia. Во изминатата недела тој беше најгласен во повиците Хуанг да продолжи да го води најголемиот производител на чипови и воедно највредната компанија во светот.
- Уделот на домаќинствата низ ЕУ со барем едно лице помладо од 18 години паднал на 23,3% – најниското ниво што некогаш е забележано откако во 2010 година Еуростат почнал да води статистика.
- Бројот на вакви домаќинства постојано се намалува во изминатите 15 години. Во 2010 година во ЕУ имало 26,9% домаќинства со барем едно дете, во 2015 имало 25,9%, а во 2020 година 25%.
- Според податоците за 2025 година, деца најчесто има во домаќинствата во Словачка (35,4%), во Ирска (30,8%) и во Кипар (28,2%). Најмалку ги има во Финска (18,2%), во Литванија (18,4%) и во Германија (19,9%).
- Домовите со самци сега се најчести низ ЕУ, дури 37,5%. Најмногу ги има во Литванија, над 60%.
- Процентот на домови во кои двајцата родители живеат со деца се намалил на 14,7%.
- Руски воен брод во либиското пристаниште Бенгази бил нападнат со дронови лансирани од Албанија, објави порталот Clash Report, близок до властите во Анкара. Анонимни извори на порталот ги отфрлаат како „обид за одвлекување на вниманието“ претходните вести дека дроновите биле пуштени од западна Либија.
- Агенцијата Асошиетед прес претходно објави дека нападот врз руската корвета „Меркури“ го извршиле украински експерти за беспилотни летала од базата Мисрата, врз основа на таен договор со признаените либиски власти.
- Ниту еден од овие извештаи не е потврден од независен извор, ниту од Москва или Киев.
- Ова би претставувало еден од најоддалечените удари на Украина врз руски воен брод – илјадници километри од нејзините граници.
- Меѓународно признаената либиска Влада со седиште во Бенгази соопшти дека прелиминарните наоди укажуваат на „напад со беспилотно летало врз руски брод што се враќа во Русија“. Не го именуваше бродот, ниту обвини некого.