- Претседателот на тој ентитет, Саво Миниќ, најави дека на парламентот ќе му го предложи Игор Додик за премиер.
- „Тој е најмлад мандатар во историјата на Република Српска и очекувам до средината на декември да ја комплетира владата,“ изјави Миниќ.
- Долгогодишниот лидер на Република Српска, Муилорад Додик, кој има забрана за бавење со политика шест години претходно го опиша синот како „најперспективно име“ во владеачката партија на независните социјалдемократи и рече дека нејќе да биде кочен само затоа што му е син.
- Игор Додик најави дека неговата влада ќе ја уважува ЕУ само ако Унијата ја уважува Република Српска.
- Двонеделните климатски преговори во Анталија завршија без конечна одлука, откако земјите не успеаја да ги надминат разликите околу две теми: парите и дали експлицитно да се спомене напуштањето на фосилните горива.
- По повеќе од две недели преговори, кои се продолжија со дополнителни два дена, турскиот претседавач со конференцијата, Мурат Курум, на завршната пленарна седница изјави дека е јасно оти нема договор и дека нема да понуди никаков нов текст.
- „Не може ништо повеќе да се направи, сторивме сè што беше во наша моќ“, рече тој. „Ќе нема нов текст“.
- ЕУ го одби текстот заради неспомнување на фосилните горива а многу посиромашни земји имаа приговори поради отсуството на какви било јасни финансиски обврски од страна на побогатите нации за да им се помогне да се прилагодат на последиците од порастот на температурите.
- Последен пат кога главниот политички договор на ваква климатска конференција пропадна беше во 2009 година во Копенхаген.
- Откако остана без настап на сплитската „Рива“, Дино Мерлин би можел да се соочи со уште едно откажување. Овој пат, неизвесна е судбината на неговиот нововогодишен концерт во црногорски Бар, закажан за 1 јануари 2027 година, поради високите трошоци за организација.
- Мерлин требаше да настапи на 30 декември во Сплит но по бројните реакции за цената на настапот, градоначалникот Томислав Шута објави дека Сплит нема да го потпише договорот.
- Подоцна тимот на Мерлин објави дека понудената и прифатена цена за ангажманот била 140.000 евра бруто. За Бар се спомнуваат вкупни трошоци од 300.000 евра.