Забелешката околу потегот на Блумберг е дека тоа е „пропуштена шанса“, заради барем две причини: прво, тоа не е најдобар начин за зголемување на шансите за работници и сиромашни Американци да завршат колеџ (што беше намерата на Блумберг); и второ, зголемувањето на конкурентноста на колеџ во САД „од хуманитарна перспектива е погрешна употреба на пари во споредба со другите каузи што Блумберг би можел да ги избере“.
„Како општо правило мислам дека не треба да се донира на колеџи за кои најголемиот дел од Американците имаат слушнато. Не е таму проблемот со образование, и тоа не е местото каде парите можат да завршат најмногу работа. Можеби е убаво чувството да се донира на универзитетот каде што си завршил, ама 1,8 милијарди долари се премногу да се плати за сентименталност,“ пишува Дилан Метјуз во текстот за Вокс.
Неразумноста на потегот на Блумберг е што најголемиот дел од Американците се запишуваат на високо образование во институции субвенционирани од буџетот, а не во скапи и пребогати Универзитети како Џон Хопкинс, речиси ексклузивно резервирани за луѓе кои се скалила над сиромашните и работничката класа. Моментално има 7,4 милиони студенти во јавни институции, а само 3,4 во приватно финансирани 4-годишни колеџи.
Дополнителни статистики покажуваат дека речиси 75% од американските средношколци одат на колеџи кои примаат над 50% од апликантите, а само 4% бркаат запишување во институции каде стапката на прием е под 25%. Во Џонс Хопкинс ова изнесува 12%.
„Менувањето на работите во Хопкинс, па дури и инспирирање на други училишта да го сторат истото, не ја менува ситуацијата за големото мнозинство колеџ студенти кои нема да можат да посетуваат образование во елитна институција.
Што би можел Блумберг да направи за остварување на својата изјавена цел за зголемување на пристапноста на колеџот за луѓето со ниски примања? Па, еден од водечките фактори за зголемување на цената на образование во државните колеџи и другите не-селективни 4-годични јавни училишта е намалената помош од сојузните влади. 45 од 50 сојузни држави во 2018 трошат помалку, по глава на студент, на јавните колеџи и универзитети отколку во 2008...
... Ако Блумберг сакаше да ја подобри колеџ пристапноста за голема бројка студенти, посебно оние со ниски примања, требаше да се посвети на овој проблем.
Или пак, Блумберг може да ја искористи својата политичка вештина и да започне кампања во која ќе изврши притисок врз сојузните држави да почнат да ги користат парите од даноците за финансирање на јавните колеџи, како што тоа го направи во борбата за затворање на фабрики што работат на јаглен, во носењето закони за контрола на оружје и борбата со тутунската индустрија во САД,“ пишува Метјуз.
Инаку од 2013, 4,5% од студентите на Харвард и 4% од студентите на Станфорд доаѓаат од најсиромашните 5% во САД, додека 15% на Харвард, а 17% на Станфорд доаѓаат од најбогатиот 1%. Во Џон Хопкинс ситуацијата е полоша.
На тема елитни образовни институции и филантропи свое мислење има и Малком Гладвел.