Советник на американскиот државен секретар му рекол на новинарот Мајкл Шаленбергер дека Марко Рубио верува дека основниот наратив во филмот „Age of Disclosure“ не е далеку од вистината и дека одиме кон обелоденување на голема тајна.
Рубио верува дека елементи во американската влада оживеале технологија од вонземна интелигенција, ја реконструирале и им дозволиле на приватни воени изведувачи да ја контролираат, со што би можеле да ја поткопаат националната безбедност на САД.
Голем ризик е на корпоративни субјекти да им се пренесе технологија на која денес уште не сме ѝ нашле примена, вели Рубио.
Забелешките на Рубио се толку директни што може да се шпекулира дека се официјален увод за обелоденување голема приказна и тестирање на реакциите на јавноста пред евентуално официјално соопштение од претседателот.
Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.