Процените се базираат на бројките објавени во датабазата на Клермон институтот, од каде забележуваат дека 82,9 милијарди долари е повеќе отколку БДП-то на 46 африкански држави.
Според институтот „кампањите на БЛМ за вршење притисок, малтретирање и морална уцена исто така го овозможија најисплатливото рекетарење на корпоративна Америка во нејзината историја“.
На списокот речиси да нема голема американска корпорација која не донирала барем 100 милиони долари за БЛМ. Волмарт, Амазон и Епл се над 100 милиони долари, додека Мастеркард до сега е на 500 милиони долари, некои си 50 милиони повеќе од осигурителната компанија Прудент фајненшл, додека најголемиот инвестициски фонд на светот Блек рок до сега има одвоено околу 810 милиони долари за организацијата.
Најголемиот дел од сумата што Клермон им ја пресметува на БЛМ е од ЈПМорган Чејс, кои имаат одвоено фонд од 30 милијарди долари наменет за постигнување на расна правичност и затворање на имотниот јаз. На второ и трето место со слична агенда се Банката на Америка и Голдман Сакс кои имаат одвоено 18,2 и 10,1 милијарда долари.
Инаку БЛМ функционира како децентрализирано движење кое опфаќа повеќе групи и организации со слична агенда на нивната. Како што објаснува ко-основачката на БЛМ, Алисија Гарза, „БЛМ не е организација или мрежа, ние сме дел од движење, но не сме движењето.“
На врвот на ова неофицијално движење се БЛМ глобалната мрежа и Движењето за црнечки животи кое дава поддршка на повеќе од 150 идеолошки сродни организации.
Од Институтот немаат приближно јасна слика за тоа како се трошат парите, но е познато дека дел од нив оди за лобирање, поддршка на сродните организации, поддршка на изборни кампањи на ним наклонети кандидати, а дел и за лични луксузи.