Движењето Блек лајвс метер и каузите кои гравитираат околу него од 2020 до денес добиле или им биле ветени 82,9 милијарди долари од најразлични американски компании и корпорации, објавува Њузвик.
Додека главната мантра на политичарите е „зелено, еко, чисто, природно, обновливи извори,“ банките, истите оние пред неколку години спасени од политичарите, почнаа на фосилни извори на енергија да вложуваат повеќе капитал од вообичаеното.
Пензионираниот научник кој денес живее изолирано „некаде во Мејн“ вели дека ќе било подобро парите од овогодинешната награда да ги добиел порано - кога се мачел да го финансира истражувањето со кое и ја заслужи Нобеловата.
На 7 ми јануари 2015, двајца исламистички терористи упаднаа во просториите на францускиот сатиричен весник Шарли Ебдо и убија 12 луѓе. Една година подоцна, француската влада му даде високо одликување на принцот на Саудска Арабија. Ни Шарли Ебдо не можеше да смисли волку перверзна сатира.
Дека оние што сами се разнесуваат или рафално пукаат по концертни сали се морони, морони се. Ама дека целата оваа приказна со тероризмот не може да се сведе само на морони, не може. Неколку незгодни прашања на таа тема.