Прашањето кое Французите треба да си го постават е следново: како е можно Исламската држава, банда џихадисти кои се во војна со комбинираната воена сила на САД, Турција, Русија, Франција, Ирак, Иран и самите Сиријци, истовремено да успева да финансира и координира спектакуларни меѓународни терористички напади кои го вклучуваат не само оној во Париз туку и оние во Турција и Либан, а и да рушат руски патнички авиони? Како западните влади кои денес можат да дигнат узбуна и ако некој повлече сомнителни 10.000 долари од сметка, истовремено не знаат како да го сопрат кешот, оружјето и муницијата за непријателот кој е географски изолиран и зависи од продажба на нафтата?
"Тоа се добри прашања", вели Стивен Корбет, "само не му ги поставувајте на Стејт Департментот бидејќи тие немаат одговори." Кога нивниот портпарол неодамна беше прашан дали САД санкционирала некоја банка осомничена за вршење на трансакциите на Исис, тој одговори дека ќе мора дополнително да ги провери работите бидејќи во моментот го нема тој одговор.
Очигледно, прашањето како Исис се финансира не е од некој посебен интерес па Стејт Департментот треба дополнително да проверува како стојат фактите на таа тема.
"Во меѓувреме, да поврземе неколку точки?", прашува Корбет.
- Во првата половина од оваа 2015-та година беше откриено дека францускиот претседател Франсоа Оланд одобрил илегален извоз на оружје за сириските бунтовници во 2012-та година. Испораката вклучувала гранати, автоматско оружје, ракетни лансери и анти тенковски ракети, директно спротивно на ембаргото на ЕУ кое тогаш беше во сила.
- Кон крајот на 2012-та година беше обелоденето дека еден од клучните сојузници на "умерените" терористи во Сирија е француската влада која освен со оружје и со пари ги има помагано опозиционите терористички лидери.
- Минатата година француската воена индустрија забележи рекордна продажба во последните 15 години. На што се должи тоа? На продажниот бум со Саудиска Арабија и Катар, едни од главните финансиери и поддржувачи на Исис.
Се разбира, Франција не единствената земја одговорна на охрабрувањето, финансирањето, вооружувањето, опремувањето и обучувањето на Исис; добар дел од товарот носат и САД и нивните сојузници од Заливот, Турција и Израел како и некои НАТО членки, смета Корберт репорт.
Од оваа истражувачка работилница неодмна излезе интересно видео со три стории за тоа дека војната со тероризмот е лажна. Во првата, ќе видите како сериозно американско оружје (наведувачки анти-тенковски лансер) се користи да се уништи американско воено возило....