„Ние создаваме митови за нас самите. Потоа сме несреќни кога не можеме да ги достигнеме. Со други зборови, симптомот на модерната грчка душа е митологизирањето".
„Еве статистички параметар на просечниот Грк. Мерено според плататат која ја добива, Гркот живее во најскапата земја во Европа. Тој има најлош систем на социјална заштита, најголем број сообраќајни несреќи, најпатетичен образовен систем и најмал број објавени книги".
„Во принцип, Гркот не ја зема предвид реалноста. Тој или таа живеат не само еден, туку два пати над своите можности. Тие ветуваат три пати повеќе отколку што можат да постигнат. Тие знаат четири пати повеќе од тоа што всушност го знаат. И ги множат нивните чувства со пет кога ги изразуваат".
„Ние сме луѓе без лице, без идентитет. Не затоа што ги немаме овие нешта. Туку затоа што не се осудуваме да се погледнеме во огледало...Така сме научени да играме алтернативни улоги - понекогаш сме потомци на древните Грци, некогаш сме Европејци".
„Другите луѓе имаат институции, ние имаме фатаморгани. Најлошото нешто што можеш да го кажеш за грчката буржоазија е дека таа не постои. Нашите капиталисти профитираат помалку од работата на другите отколку претставниците на таа славна грчка традиција: посредниците, агентите, преварантите и дилерите."
„Најстрашните институции во Грција се геронтократијата, бирократијата и матријархатот".
„Со методи и системи кои не ги применуваме во секојдневниот живот, се концентрираме на нашата тајна мисија: уништување на нашата прекрасна земја, колку што е можно поефикасно"
„Што е најбедното нешто на светот? Десет грчки интелектуалци во просторија, при што секој се обидува да го натера другиот да слуша".
ВИДЕО ДОДАТОК: ЗА ГРЧКИОТ НАЦИОНАЛИЗАМ
Интервју со Никос Диму од 1994-та година во кое тој им се чуди на своите сонародници што се чувствуваат загрозени од Македонија. "Нашиот проблем не е логичен проблем. На Грција и е потребна една колективна психотерапија за да се справи со својата несигурност."