Таг: национализам

Најлоши сме кога сме со наши луѓе

Роберт Саполски е биолог и бихејвиорален научник, поголем дел од кариерата минува проучувајќи бабуни и други примати во Кенија, за да може човечкото однесување да се стави во поширок контекст. Во интервјуто зборува за биолошките темели на сè подлабоките политички клисури кои нè разделуваат.

Турбофолк: саундтракот на распадот на Југославија

Кај нас едно време беше тренди академски да се занимаваш со турбо-фолкот. Ама на странците, кои вообичаено знаат пред нос да ни „украдат“ егзотична тема, некогаш доцна им текнува. Неодамна ваква студија се појави од перо на германска новинарка.

И Грците понекогаш имаат смисла за хумор

Во пресрет на утрешните протести на грчката десница за името, во Солун во ист момент е закажан уште еден настан - бесплатен фотошоп семинар, само за православни Хелени. Програмата може целосно да се преземе и за некој наш едукативен собир од сличен тип.  

Ерата на дигитални медиуми ги донесе и Трамп и Брегзит

Еден американски медиумски теоретичар има интересно гледање на порастот на новиот национализам, олицетворен во подемот на Доналд Трамп и резултатот на брегзит: Дигиталното опкружување во кое живееме не го обединува светот како што се надевавме. Напротив.

Марш, как'в Брегзит - вратите ми гу Југославију

Овакој да се секирасмо да не ни се распадне Југославија како што се секирасмо за Брегзит, с'га куде да ни е крај...

Почина Бенедикт Андерсон, авторот на „Замислени заедници"

Авторот на веројатно најчитаната и најцитираната книга за нациите и национализмот почина на Јава на 79 години.

Кај ти е кечето?

Пак ли ќе врне? Пак ли касаат мувите?

Зарем времето никогаш не умре? Зарем кругот навистина не е тркалезен?

Кој вели дека големината не е важна?

Арсенијевиќ е познат по својата безмилосност во коментирањето на српската стварност. Сега распалил и по регионот, правејќи ѝ посебна чест на Македонија. Текстот може да ве налути, но има поента во наша корист - барем во архитектонската мегаломанија сме недостижни.

Несреќата да се биде Грк

Грчкиот писател и интелектуалец Никос Диму го напиша делото "За несреќата да се биде Грк" пред точно 35 години. Неверојатно е колку тоа, "од а до ш", важи и денес за Грците. Уште поневеројатно е колку сме ние и Грците братски народи.