Неколку од пријавите на Мерц резултирале со претреси на куќи, како што во еден случај е со домот на примателка на социјална помош со попреченост од еврејско потекло на која ѝ бил конфискуван мобилниот телефон откако го нарекла Мерц „мал нацист“. Во друг случај (за „валкан пијаница“), судот отпосле го прогласил претресот за незаконски. Адвокатот на засегнатата страна докажал „незаконско самоволие“ и „претерана реакција на правниот систем“.
Дури и твитови со вулгарен јазик без конкретна навреда („Шупци се луѓе на кои оралниот производ не можеш да им го разликуваш од аналниот“ #Мерц), јавното обвинителство ги третирало како кривични дела и политички екстремизам.
Вакви компании се почесто се користат последниве години од политичари. Само една од нив, во последните 10 месеци од 2025 година до полицијата проследила речиси 17.000 предмети, честопати без дотичните политичари да треба сами да преземат каква било акција.
За среќа на гонетите, пресудите против нив се ретки. Според еден адвокат кој води околу 30 случаи, само една од правните постапки поврзани со Мерц досега резултирала со наредба за казна, додека десет други се отфрлени.
Германскиот уставен суд инсистира на тоа дека поради нерамнотежата меѓу моќта на политичарите и обичните граѓани, овие првите треба да имаат повисок праг на толеранција кога ја штитат својата чест.