Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

За нападите врз македонските деца во Тетово можат кривично да одговараат директори на школи, педагози и психолози

5 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Тетовските улици не се безбедни за децата Македонци последниве недели, тие се напаѓани од врсници до 14 години кои не подлежат на кривична одговорност, а нападите и малтретирањата притоа се снимаат и се објавуваат на ТикТок, на групите „Каурски пички“, „Балисти“ и други, пишува СДК.
  • Родителите на тепаните деца се револтирани, велат дека нападите се брутални и оставаат последици, па затоа ако треба да излезат некаде, тие ги придружуваат. Велат бандите им се втуруваат пешки на нивните деца, односно со трчање, или на електрични тротинети. Обично фаќаат едно, другите ги оставаат да избегаат. Тепаат-снимаат-бегаат. Тоа се случува претежно дење во период на настава, односно на голем одмор, но и попладне.

  • Најчесто машки деца на 13-14-годишна возраст напаѓаат година-две помали соученици или деца од некое друго школо, но родители сведочат дека пресретнато било и девојче, кое од напаѓачите било натерано да каже: „Јас сум балистка“.

  • „По нападот го смирувавме дома детево, тоа беше многу вознемирено. Уште е и тоа го покажува ноќе, кога спие. Седевме дома и му се јави другар: ‘Еј брат, те има на Антикаури, на ТикТок’. Во деновите што следеа го викнаа син ми на препознавање и тој ги препозна тепачите и снимателот. Беа ученици-Албанци од неговото училиште. Од исто место храна си купуваат, се знае кои се, а од полиција ни рекоа не можеле ИП-адресите да им ги најдат“, сведочи родителка.

извор

Многу се пушело, ама, се зголемуваат државните субвенции за тутунот

25 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најави субвенциите да се зголемат за 10 денари, за сметка на изоставувањето на зелената нафта. Значи, наместо досегашните 80 денари, да се плаќаат сувенции по 90 денари за килограм. Сѐ уште не се знае дали тоа ќе важи од оваа година.
  • Од 10, веќе осум откупни фирми го преземаат родот по цена од 435 денари за килограм, што значи квалитетниот род се цени во прва класа.
  • Се откупува во прва класа по 435 денари за килограм. 
  • Министерот за здравство, Сашо Клековски, деновиве кажа дека просечен пушал дава многу пари за цигари, но не спомна дека и пушачот и непушачот во земјава даваат пари за субвенционирање на 26.000 тони тутун, на колку што се проценува годинашнава реколта.
извор

Полска бара од НАТО да соборува руски ракети над Украина

25 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Полска побарала од НАТО да разгледа можност за соборување на руски ракети во воздушниот простор на Украина, ако се утврди дека тие може да предизвикаат штета надвор од нејзината територија.
  • Министерот за надворешни работи Радослав Сикорски истакнал дека акциите за пресретнување би претставувале „легитимна самоодбрана“, ако бидат спроведувани по барање од Киев.
  • Полска во изминатата недела пријави три инциденти во кои руски летала навлегле во нејзиниот воздушен простор.
  • Министерот за одбрана Владислав Косињак-Камиш оцени дека меѓу сојузниците нема решителност да го одобрат овој чекор, кој би можел да го вовлече НАТО во војна со Русија.
  • Тој истакна дека полските пилоти веќе имаат наредба да дејствуваат против ракети и беспилотни летала што го нарушуваат полскиот воздушен простор, но додава: „Ние не сме во војна со Русија“.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Половина скопски објекти не се оданочени

2

Филип и Јулија, братче и сестриче

Балканштина
3

Апел до уролозите: Намалете со тоа прстите!

Македонштина
4

Клековски да не се секира до толку што правиме со наши пари

5

Во знак на лајк, дигаме прс

Македонштина
6

Информер пука по шавови

Медиуми
7

Аплауз за Димитрија

Разно
8

Распеани коментари за сармата

Балканштина
1

Половина скопски објекти не се оданочени

2

Клековски да не се секира до толку што правиме со наши пари

3

Европска бирократија од 47.600 страници

4

Како ЦИА ја искористи Украина за тајна војна против Русија

Свет
5

Девет години МВР трага по човекот кој украде 150 кебапи

6

Уапсен е сопственикот и главен уредник на Информер

7

Ја хакирале и ЦИА

8

Како пензиите ги изедоа државите

Разно
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Апел до уролозите: Намалете со тоа прстите!

Медиуми

Информер пука по шавови

Разно

Аплауз за Димитрија

Балканштина

Филип и Јулија, братче и сестриче

Македонштина

Во знак на лајк, дигаме прс

Балканштина

Распеани коментари за сармата

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Кој го голтне ова, на здравје нека му е

Шазам како музички сеизмограф

Да ви покаже Скопје каков Њујорк знае да биде

Антибиотиците не морало да се пијат до крај

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy