Да им се каже на пациентите да прекинат со препишаните антибиотици веројатно е подобро отколку да се инсистира тие да се земат до крај на првично пропишаната терапија, се согласија група доктори експерти на темата со што начнаа едно од најраширените правила кое со децении е впечено во матриксот и на лекарите и на пациентите.
Досегашната теорија велеше дека прекинот на терапијата може да ѝ даде шанса да бактеријата да мутира и стане отпорна на антибиотикот. Професорот за заразни болести од Брајтон, Марин Ливелин, вели дека не само што нема научна евиденција за таквото тврдење туку дека веројато е обратно - продолженото дејство на антибиотикот всушност го зголемува ризикот бактеријата да развие отпорност.
Постојат болести кај кои не смее да се прекинува антибиотската терапија како што е туберкулозата. Но, за најчестите болести за кои се препишуваат овие лекарства а се предизвикани од насекаде присутни бактерии како што се Е Коли или Стафилокока, што подолго бактеријата е изложена на антибиотик, толку повеќе таа има шанси да стане имуна на лекот.
“Евиденцијата за 'завршување на терапијата' се тенки и повеќе се базираат на страв за недоволно лекување отколку на научни студии. А постојат такви кои сугерираат дека и пократки терапии можат да бидат ефикасни, освен во исклучоци како штио е туберкулозата“, вели професор по микробиална патогенеза од Лондон.
Препишаните антибиотски терапии мора да бидат индивидуализирани. Во голем број случаи пократките вршат работа. На пример, за инфекции на уринарниот тракт најчесто се доволни три дена, проценуваат експертите.