Живееме во време во кое со срамотно многу државни пари се помагаат оние телевизии кои нè силуваат со тој невкус, во кое пари се даваат за моронски нарачки на песни, време во кое скопски градоначалници носат тежок српски треш за урбани приредби а и овој главниов на опозиција што е, боже ме опрости, постира песни од Рибља факинг Чорба!
Како против таа општа одвратност?
Дозволете да ви покаже една млада девојка со прекрасно ровит глас и нејзината кул публика во заземената зона на скопскиот факултет. Дури и да мислите дека огновите на масовниот невкус веќе ви ја ошуриле кожата, ова има да ве наежи. Едит Пјаф, побогу. Па факинг браво!