Ги гледаме по Инстаграм и на суперѕвезди како Карди Би и Били Ајлиш, но наместо тие авторитети, може треба да послушаме реален авторитет: билог, на пример, кој вели дека трендот доаѓа со опасности по здравје.
Откако не успевале со други средства, научниците прибегнале кон неконвенционално решение за да го исчистат надгробниот споменик на семејството Медичи од со векови напластената нечистотија.
А про по веста дека заради коронавирусот Кинезите почнале да ги дезинфицираат и банкнотите, изложба под наслов „Бактерии без граници/Колонијалистички кеш“, која се отвори во Берлин во јануари, а ќе трае до 2 март.
За некого ултимативен гест на обожавање на нечиј лик и дело е да поседува парче облека, инструмент или своерачно напишана белешка од славната личност. Ама ова е изгледа следно ниво.
Ок, не е црно туку црвено, ама таква е песната. Околу него сè уште има некои мистерии. На пример, се претпоставува дека неговата убоитост кон бактериите се должи на Пх вредноста и концентрацијата на алкохол. Но истражувања покажуваат дека тоа е многу поефикасно од други раствори со иста киселост и алкохол.
Не мислиме на некаква метафоричка болест која се фаќа од посета на места обременети со идеологија и историја, и со артефакти кои асоцираат на нив. Зборуваме за многу физички болести кои се фаќаат ако фаќате предмети во музеј, a кои ги фаќале многумина пред вас
Падна уште една неприкосновена медицинска лекција од нашето растење, дека и да ти е подобро, не смееш да ги прекинуваш антибиотиците кои ги пиеш, оти ќе си направиш бетер. Еден ден ладно ќе ни кажат дека ракови сме добивале од тоа лимоните.
Од луѓе што стварно учеле на факултет, па после цел живот го посветиле на уште учење и наука, доаѓа информацијата дека дувањето свеќи ги зголемува бактериите на роденденската торта за 1.400 проценти. Како луѓе што цел живот јаделе и активно јадат роденденски торти, со репете, ви кажуваме дека уште сме живи и не планираме да скршнеме од патот.
Не ги пуштаме децата да играат во кал, ги давиме во антибактериски препарати, ги чуваме под стаклено ѕвоно. Тие пак развиваат алергии, астма и егземи. Аман, оставете ги раат нека се валкаат, повикува нова книга на темата.
Втора најчеста причина поради која ме ангажираат муштериите е плевење. Веднаш да кажам, не го сакам ич. Но, и тоа мора некој да го прави. Уште потешко и од самото плевење ми паѓа кога гледам дека некаде трудот е бесмислен бидејќи не се прават работите до крај. Ако не се покрие голата земја со некој мулч, џабе плевењето.
Досега човештвото не покажало потреба па затоа и не бил измислен апарат за распрснување бактерии и вуруси. Но, модерните тајфуни за сушење раце од јавните вецеа прилично добро ја обавуваат таа функција.
Пред некое време пишувавме за стаклени скулптури на бактерии и вируси. Но овие се везени и баш фино можат да стојат поединечно или во група над ВЦ-шоља, шпорет или блиску до кревет. Чисто ко хигиенски потсетник, или везен HACCP.