Постои долгогодишно ривалство меѓу модерните сушачи за раце предводени од гигантскиот производител Дајсон и аналогните (читај: хартиени) средства за истата цел.
Последното научно одмерување на бенефитите, објавено во Журналот за применета микробиологија, им оди на прилог на вториве. Истражувачите го утврдувале дисперзирањето на бактериите и вирусите кај трите методи за сушење раце: хартија, стандардните фенови со топол воздух и модерните џет-сушачи.
Колку и да се ефикасни а изгледот супериорно допадлив, последниве шират организми кои можат да создаваат колонии дури 1.300 пати повеќе од старата добра хартија. А во споредбата со феновите, расрпрснуваат 60 пати повеќе.
Претставник на Дајсон одговори дека произведувачите на тоалетна хартија последниве 4 години упорно досаѓаат со вакви квази истражувања.
Највознемирувачките разултати се однесуваат на добацот: џет тајфуните можат да го распрснат вирусот дури 3 метри, феновите 75 сантиметри а просекот на хартијата изнесува 25 сантиметри.
Значи, ако ги забоколувате, правете го тоа во широк лак.