И пред студијата, за делот од човештвото што има проблем со паника околу бактерии, роденденските торти се еден од најочигледните примери за тоа како остатокот од светот нема разбирање за нивната мака. Една таква девојка, инаку ќерка на научник, ја дава идејата за спроведување на студијата од чиј заклучок е извадена бројката од 1.400-процентен раст на бактерии.
Пол Досон, професор по безбедност на храната од Универзитетот Клемсон, како еден од авторите на студијата, објаснува дека иако во просек разликата е 1.400 проценти, во одредени случаи при испитувањето, некои луѓе за време на дувањето успевале да го зголемат бројот на бактериите и за 12.000%.
Човекот за јавноста ја има истата порака како и за својата ќерка тинејџер, дека ова не треба да ви го расипе меракот за родендените и „дека тоа не е некој застрашувачки проблем. И да го направиш ова 100.000 пати, шансите да се разболиш веројатно ќе бидат минимални“.
Прво, иако нашите усти се преполни со бактерии, најголем дел од нив се безопасни. Второ, ако имаше опасност од ова, до сега ќе знаевме.
„Откако ја прави студијата, тој е контактиран од луѓе што темелно размислувале околу заштита од бактерии на целиот процес на дување свеќа. На пример, веќе постои патент за 'санитарен систем за прекривање на роденденска торта и свеќа', составен од држач за торта со покривка со дупки за свеќите“, пишува Сара Женг во текстот за Атлантик.