Државната пошта неделава издаде серија од четири марки со различна боја на кожа. Серијата се вика „Еднаквост“ и била промовирана на годишнината од убиството на Џорџ Флојд од полицаец во Минаеаполис. Во промо материјалот напишале дека марките “ја рефлектираат болната нефер реалност која не смее да биде дозволена“ и дека секое писмо испратено со таква марка „ќе испраќа и порака против расната нееднаквост“.
Кампањата е лансирана за време на Европскиот месец на диверзитетот и имала за цел „да фрли светлина врз расната нееднаквост и да промовира диверзитет, инклузија и еднакви права“.
Наместо пофалби или барем рамнодушно „ај, ок“, кампањата била дочекана на нож и сега се бара нивно повлекување.
Што е гревот?
Погледнете ја горната фотографија, ако не ви е јасно, тогаш имате уште "за будење".
Гревот е што белата марка чини 1,6 евра а црната 0,7, со што, според лајавите кенкачи, сака да се порача дека белата кожа е повредна од црната.
Ете до кај е дојдена работата. За среќа, ние сме среќни кога нашиве нема да утнат знаме или граници на држава.