Ако се спасиме од пластиката ќе биде заради грешка

Тим научници создаде ензим која се храни со пластични шишиња. Важно е да се напомене дека терминот „создаде“ тука е употребен многу либерално.

Во 2016 на јапонска депонија беше откриена бактерија која еволуирала да се храни со пластика. Научници земаа повеќе примероци од бактеријата и сега имаат изолирано клучен ензим што таа го создава и неговата структура.

Во 'рчкањето на ензимот, за да видат како тој еволуирал за да се храни со пластика, научниците не сакајќи создале молекула која е уште подобра во разложување ПЕТ пластика (polyethylene terephthalate) што се користи за изработка на шишиња за безалкохолни пијалаци.

На мутираниот ензим му се потребни само неколку дена за да почне да ја разложува пластиката, на шише фрлено во океан за истото му се потребни неколку векови.

Она што е следен чекор за научниците е да го искористат овој ензим да ја претвори пластиката во нејзините оригинални компоненти „за буквално да можеме да ги рециклираме во нова пластика“, од ова дополнителен ќар (освен чистењето на планините со пластика) ќе биде тоа што веќе нема да мора да се копа нафта за создавање на пластика.

Моменталната статистика е дека на секоја минута во светот се продаваат по 1 милион пластични шишиња, од кои само 14% се рециклираат.

 

17 април 2018 - 12:59