Џефри Каплан, универзитетски професор по биологија, вели дека делот под ноктот е место каде што живеат најголем број од бактериите.
„Колку е подолг ноктот, толку повеќе површина има за микроорганизмите,“ вели тој. „Истражувања покажуваат присуство на 32 различни видови бактерии и 28 различни видови фунги по нокти.“
Каплан вели дека не е важно дали се вештачки или природни, или гел, или акрилни. Кога се долги, едноставно е потешко да се деконтаминираат со миење раце и детално триење.
Постојат случаи и кога се нашло МРСА, бактерија отпорна на антибиотик што предизвикува сериозни инфекции кај хоспитализирани пациенти, а се наоѓало и стафилокока која исто така води до инфекции и непријатности. Може да се случи и инфекција на ноктот, што може нема да ве убие, ама ќе ви ги изоблични ноктите.
Уште пострашните вести што некои случаи на смрт кај новороденчиња биле поврзани со долги нокти; затоа и од здравствените работници се бара да имаат кратки нокти, за да не пренесуваат болести.
Две медицински сестри во болница во Оклахома Сити е можно да имаат придонесено кон смртта на 16 бебиња во 1997 и 1998 поради бактерии пронајдени под нивните долги нокти. Не е докажано дека тоа е дефинитивната причина, но според Каплан, и хирурзите кога ги тестираат рацете пред операција, секогаш има бактерии под ноктот и не можат да се извадат.
А на социјалните мрежи - тренд. Општо гледано, луѓето со долги нокти знаат како да се справат со нив и како да ги чистат. Особено кога се даваат грдни пари за маникир, гел и слично, нема логика да не се одржуваат, според една артистка за нокти од Северна Каролина, Кејла Њуман. Вели и дека најчестата поплака од клиентите не е инфекција, туку кршење на ноктите, особено ако се тазе „качени“ на трендот.
Еве идеја за следните цртежчиња на нокт:
Комбинацијата на бои е симпатична, а може ќе се најде и име за look-от: стафилокока-виолетова.