Во тековната серија "Непознати делови" на CNN, Бордеин го посетува Копенхаген. А во гастро смисла, Копенхаген без Рене Реџепи не е Копенхаген.
Прочуениот готвач со потекло од Македонија кој го држи најдобриот ресторан во светот НОМА му е главен водич на светскиот ждерач. Албанецот роден во гостиварско се обидува да му објасни на Бордеин дека неговиот натуралистички стил на готвење се должи на детството минато во Македонија: на одењето во шума за да се берат костени, на молзењето крави...
А Бордеин отсекогаш бил сомничав кон природата: Вели: "Природа, тоа е она место во кое живеат бубачките." Но, на крајот потклекнува на магијата на она што е зготвено од Реџепи.
Бордеин: "Значи, да растеш своја храна, да одгледуваш своја храна, таков бил животот во Македонија?"
Реџепи: "Така е".