Некако има логика. Толку стравови и ужаси си видел на филм што си создал „имунитет“ на страв. Пандемијата во однос на сцени од Kрипшоу (1, 2 и 3) изгледа како Дизни.
Порано сиромашните умираа заради недостаток од антибиотици. Сега глобалниот аларм е запален поради претераната употреба на антибиотици, а кај сиромашните, порастот е најголем.
Заради претераното користење, антибиотиците стануваат сè помалку ефикасни бидејќи бактериите стануваат отпорни на нив. Проблемот е поголем отколку самиот рак.
Падна уште една неприкосновена медицинска лекција од нашето растење, дека и да ти е подобро, не смееш да ги прекинуваш антибиотиците кои ги пиеш, оти ќе си направиш бетер. Еден ден ладно ќе ни кажат дека ракови сме добивале од тоа лимоните.