Каков сајт, лик и сè друго на денот

„I'm Nelko“ (Hi, Nelko) ќе каже тој на својот сајт за веднаш да допрецизира каков е Нелко: „precise and professional“. Но ако после тие пет букви од Нелко следат уште четири (вски), по разгледување на сајтот следат многу пријатни заклучоци.

Прво, сајтот е срча, со хтмл5 финтици, со згодни скролања, со маркантен Нелко на ударна позиција. Сајтот си гори.

Но она што е драгоцено е што на него откриваме еден вистински ренесансен лик кој има повеќе функции од швајцарско ноже.

Само во 2019 година, додека ние и вие си го имаме тратено животот на којзнае што, Ајем Нелко има работено на овие теми:

Централна позиција на сајтот има пописот на неговите вештини. Вкупно 18, што од Нелко прават еден self-sustainable еко систем! И тоа вештини во еден широк лак, од режија до карате и од маркетинг до готвење. Сите поединечно оценети од 80-100%.

Решивме да ги тестираме оние што лесно можеме да ги тестираме, компонирањето музика и пишувањето поезија, оценети со скромни 80-85%.

Двете вештини се вмрежени во делото  „Морска струја“ од кое ќе издвоиме само две строфи:

Јас сум твоја чаша
ти си жешка маша
чувај ја љубовта наша
не прави од ништо каша.

Соло си гитара
јас сум тежок бас
имаш убав стас
давам моќен глас

За брзо-брзо да дојдеме до комплетното сочинение кое звучи вака:

Нелко друже, какви 80-85% ова нас ни е најмалку за стотче!

А готвењето сепак ќе оставиме да нè копка.

Сајтот е тука

8 јуни 2020 - 16:49