Ретко кој го познавал како Ѓоко Гргац. Повеќето го знаат како Анархист, познат по две работи: 1) каде и да се појави, по некое време доаѓаат цајкани 2) наместо да се задржи на раце, секогаш паѓал на глава како последица од здравствени проблеми во детството заради кои проодел дури на 10 годишна возраст и никогаш не го развил одбрамбениот механизам при паѓање. Според сопствените зборови, тој за градот е мртов уште од 1991-ва година.
Таа година добива отказ од банката во којја работел бидејќи шефовите мислеле дека е Србин. Анархистот тотално си го сјебува животот со алкохол. Му се растура бракот а ќерката Азра му се јавува после цели 22 години - кога го видела во документарниот филм 'Кад Мики каже да се боји'.
"Целата моја генерација експериментираше со дрогите. Јас најмногу со оние халуциногените. Знаев точно што е хероин, што се деривати, но, ми беше доволен само еден непријател - кралот Алкохол. Се симнав од него кога сфатив дека не можам да бидам анархист ако имам господар. А алкохолот беше господар, во последната фаза ми се тресеа раце без него. Во поранешната држава бев втор по бројот на прекршочни казни. Прв беше Јаков Гробаров од Белград - кога последен пат се видовме, имаше 40 казни повеќе од мене. Секој од нас имаше над 500", сведочеше Јаблан.