Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Црногорските граѓани не можат да влезат во Србија?

4 јуни 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Српската полиција од синоќа не ги пропушта граѓаните на Црна Гора да ја преминат границата со Србија, што се смета за одговор на протерувањето на 87 српски државјани од аеродромот Тиват поради „загрозување на националната безбедност“.
  • Од средата во 19.30 часот ниту еден црногорски државјанин не преминал во Србија преку граничните премини Гостун, Јабука и Драченовац. „Тие спроведуваат засилени мерки исклучиво против црногорските граѓани“, изјавил за „Вијести“ извор од службите за безбедност.
  • Н1 јавува дека на преминот Гостун се врши детална безбедносна контрола на сите полнолетни мажи од Црна Гора.
  • Претходно во средата, црногорската полиција поради „безбедносни причини“ не им дозволила влез во Црна Гора на група од 87 српски државјани што пристигнале со чартер лет во Тиват и по неколку часа ги вратила со лет до Белград. Некои од нив имале криминално досие. Српски опозициски медиуми ги опишуваат како лица „блиски до владејачката СНС“, кои биле ангажирани за обезбедување на партиски простории, спортски натпревари и протести.
  • Српската безбедносно-разузнавачка агенција (БИА) објави дека го советувала претседателот Александар Вучиќ да не патува на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват поради висок безбедносен ризик. Ова се базира на оперативните сознанија на БИА дека во Црна Гора е присутен лидерот на Кавачкиот клан, Радоје Звицер.

извор

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
  • Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
  • Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
извор

Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
  • Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
  • Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти. 
  • Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари. 
  • Толку е веста. Легни.си.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

Квалификации

Балканштина
6

Елитно ментално

Забава
7

Размислете за храната

Медиуми
8

Пратете му на некој со BMW

Онака
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

Почина Биљана Плавшиќ

3

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Свет
4

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

5

АНБ со мирис на УДБА

6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

САД сакаат да ја жртвуваат Европа

Мислења
8

Тексас прогласи вонредна состојба поради скапиот дизел

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Шампионите од Шутка

За пишман аџиите и наводната антиквизација на Македонија

Утешение грешним

Пиел, не пиел...

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy