Азис им е пред Гоце, јасно?

„Големите Бугари“ е спин-оф на британската „Стоте најголеми Британци“ на BBC и почна да се емитува летото во 2006 за во финалето во декември истата година да бидат објавени листите на топ 10 и топ 100 Бугари, според гласање на широка публика. Гоце еднаш загина во Баница, другпат на бугарска топ листа.

Во топ 10 им се Аспарух, Цар Симеон, Вазов, Стамболов, Левски (не стадионот).... и освен за Кирил и Методиј, немаме обџкшн. Нека им се најголеми тие кои си ги одбрале, ок е.

Топ 100 листата е поинтересна.

На неа Гоце Делчев е рангиран како 53-ти.

Пред Гоце, на 38 место им е Георги Димитров, тој што знаше дека има Македонци во Пиринска Македонија.

Пред Гоце, на 29 место им е Бојко Борисов, тој што го превесла нашиот прекупец од Муртино и го намами да потпише договор за потоа да ни зачукаат вето.

Пред Гоце, на 27 место им е Слави Трифонов. Тој ќелавиот што повти по Дојран.

Пред Гоце, на 24 место на топ 100 листата на најголеми Бугари им e и Волен Сидеров, актуелен политичар од радикалната и про-фашистичка десница, прецизно наречена Атака

Пред Гоце, на 12, 13  и 14 место им се Христо Стоичков, баба Ванѓа и Тодор Живков.

И најјако од сè е што пред Гоце, за кој толку се пенават, далеку поважен и поголем Бугар им е Азис, кој го држи 21-то место.

Азис.

А з и с.

Овој:

Замислете вие со кого си имаме ние работа.

 

 

 

20 ноември 2021 - 14:21