Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

30-дневен притвор за Стефан Богоев и уште три осомничени лица

4 јуни 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Кривичниот суд им одреди по 30 дена притвор на поранешниот директор на Царинска управа Стефан Богоев и на тројцата други осомничени за злоупотреба при јавна набавка за чистење на граничните премини и за поткуп од 1.800 евра.
  • Богоев вчера беше изведен пред судија во Основниот кривичен суд во Скопје.
  • Обвинителство соопшти дека постои основано сомнение дека во периодот од јули 2023 до март 2024 година осомничените ја изиграле постапката за доделување договори за јавна набавка за надворешно одржување хигиена на гранични премини и терминали, при што преку фаворизирање одреден економски оператор и ограничување на конкуренцијата му овозможиле на правниот субјект да стекне противправна имотна корист од 18.479.692 денари.
  • „Според обезбедените докази, првоосомничениот, користејќи ја својата службена положба и влијание како директор на Царинската управа, влијаел врз спроведувањето на тендерската постапка во корист на избраниот понудувач, а второосомничениот, во својство на помошник-директор, влијаел врз други економски оператори да не учествуваат во завршната фаза од постапката“, објави Обвинителството.
извор

Одборот на Трамп има нов план за Газа, ама нема пари

23 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Одборот за мир на Доналд Трамп денеска ќе претстави шестмесечен план за обнова на Газа, во кој се предвидени 66 проекти во вкупна вредност од 2,45 милијарди долари.
  • За инфраструктура се планирани 1 милијарда долари: 400 милиони за привремени засолништа, 275 милиони за расчистување урнатини и неексплодирана муниција, 50 милиони долари за санација на болници и 30 милиони за обнова на патната мрежа, за дигитални документи и плаќања, за преносни сончеви колектори...
  • За безбедноста се издвоени 885 милиони долари: за изградба на база на Меѓународните сили за стабилизација во Рафах и за обука и опремување на нејзиниот контингент од 5.000 припадници, како и за мобилизирање нови палестински полициски сили.
  • Планот ја проценува материјалната штета во Газа на 35,2 милијарди долари и наведува дека за целосна реконструкција ќе бидат потребни 71,4 милијарди долари во следната деценија.

  • Планот звучи амбициозно, ама е далеку од реалната ситуација. Одборот за мир, во кој членуваат 35 земји, се уште ги нема обезбедено потребните 2,45 милијарди долари. Спроведувањето на проектите зависат од Хамас – кој одбива да се разоружи - и од составот на идната влада на Израел по изборите на 27 октомври. Премиерот Нетанјаху начелно прифаќа меѓународни сили во Газа, но неговите потенцијални партнери се категорично против.
извор

Брисел го награди Маѓар со пристап до 4,2 милијарди евра

23 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Европската комисија ѝ ослободи на Унгарија пристап до 4,2 милијарди евра од кохезионите фондови и до програмите Еразмус+ и Хоризонт Европа, откако оцени дека новата влада на Петер Маѓар ги исполнила условите за владеење на правото.
  • ЕУ од 2022 година блокира 16,4 милијарди евра за Будимпешта, наведувајќи „загриженост за корупција и јавни набавки“ за време на мандатот на премиерот Виктор Орбан и неговата партија Фидес.
  • Маѓар, кој во кампањата за изборите во април доби поддршка од Брисел, вети дека приоритет на новата влада ќе биде одмрзнување на фондовите од ЕУ.
  • Будимпешта се обидува да добие и 10 милијарди евра од средствата на ЕУ за закрепнување од последиците на пандемијата. Остануваат блокирани и уште 2 милијарди евра од кохезионите фондови поради загриженост во врска со системот за азил, законот за заштита на децата и академската слобода. Маѓар вети дека ќе ги реши овие прашања до крајот на годината.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Работната недела се растегнува на шест дена

Свет
2

Фрли Бугарче, фати крапче

Балканштина
3

Ни секунда не прекинаа

Балканштина
4

Југославија повторно се обединува

Балканштина
5

Сè почнува со реченицата: Годинава само малку да испечеме

Балканштина
6

Богати и славни

Македонштина
7

Летото на Нено низ фотографии

Кошарка
8

Леонард Коен, шегаџија

Забава
1

Работната недела се растегнува на шест дена

Свет
2

Обединетите нации се корисен театар

Мислења
3

Како Трамп ги изневери Саудијците

Свет
4

Руски олигарси ја поделија ЕУ

5

Во доба на роботаксија, Убер се обложува на луѓе 

Бизнис
6

Стара Канаѓанка еутаназирана против нејзината волја

Разно
7

Одборот на Трамп има нов план за Газа, ама нема пари

8

Брисел го награди Маѓар со пристап до 4,2 милијарди евра

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Сè почнува со реченицата: Годинава само малку да испечеме

Македонштина

Богати и славни

Балканштина

Ни секунда не прекинаа

Балканштина

Југославија повторно се обединува

Балканштина

Балканско вуду: Проклетија

Македонштина

Да си знаат

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Анализата од блиску доаѓа

Тишината е луксуз

Тетовска школска журка

Интелектуални вицеви

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy