Таг: џони штулиќ

Џони и неговото право

До сега се тужеше и судеше за неговата музика, и само беше прашање на време кога ќе изјави дека е злоупотребен и неговиот книжевен опус. Еве го - Штулиќ ја тужи белградската издавачка куќа „Плато" заради наводно кршење на авторските права.

Крале Марко на Струшките вечери

Не знаеме кога повеќе да ни биде криво - дали кога ќе наидеме на со сила правени телефонски интервјуа со Штулиќ, за кое човек не е ни сигурен дека се автентични, или кога тој сам ќе напише асален текст на некоја тема, ама без осет за неговиот обем, па ни требаат три дена да го преведеме.

Нешто не штима со Крали Марко

Минатиот викенд на Јутјуб осамнаа нови сминки на Џони - уште 18 бисери на народната музика, меѓу кои „Во убавиот стар град Вишеград", „Во рана зора", „Добро утро мој бекријо". Босанскиот „Дневни аваз" по тој повод му се јавил на Штулиќ дома, во Хутен крај Утрехт.

Јаблан тргна по другата страна

Во Загреб почина човекот кому Џони Штулиќ му ја посвети една од своите најмадафака песни а тој својата ќерка ја крсти Азра.

Кроација рекордс: „Џони живее во мрак"

Желимир Бабогредац, претседателот на управата на Кроација Рекордс, во своето интервју за Јутарњи лист остро реагира на најавата дека Џони ќе ја тужи оваа дискографска куќа и ќе бара отштета од 25 милиони евра, сума до која дошол преку следниов есап: ако денес една плоча чини 25 евра, а тој продал милион во бивша Југославија, тоа се 25 милиона.