Ко да бараш некое лице
во делче од огледало
Во празнина некоја дамна
тажно си се задумала
Ко да бараш некои раце
од самотија огрубени, ледни
Во бистрина на топлите солзи
очите ти се драги, чедни
А јас кришум, незабележливо
ѕиркам во твоите сништа
и гледам дали гледаш
во моето лице, во рацете мои
Ти ја дадов мојата љубов
затоа што за друго немам дарба
каква будала бев
знам дека ме прозре
Ти ја дадов мојата љубов
мислејќи дека нешто вреди
не сме исти, сфатив
чувството ретко ме мами
А јас и понатаму без успех
ги разоткривам моите јанѕи
и не е фер тоа што го прават
против мене зборовите мои.