Валенсија победи во 93-та минута и избори опстанок, нова супер одбрана на Столе
Сезоната во Ла Лига влезе во драматичен крај во однос на борбата за опстанок. Замислете дури 12 екипи се бореа да останат пред ова коло, а бројката сега во пресрет на последното коло се преполови. Столе Димитриевски прими 3 гола на гостувањето против Реал Сосиедад, но Валенсија сепак го доби мечот со гол во 93 минута со што математички се спаси. Македонскиот голман брани во врвна форма и на секој натпревар спасува чисти голови во игра еден на еден.