На Столе Димитриевски му се оствари желбата да се сретне и да добие автограм од иконата на италијанскиот фудбал, Џиџи Буфон. Во улога на нов тим менаџер на италијанската репрезентација, Џиџи го пречека Столе насмеан со топла прегратка, а голманот на Македонија му рече „Ти си мојот идол“. Кога Буфон дебитирал за Парма во 1995-та година, Димитриевски имал 2 години.