Нова феноменална парада на Столе

Валенсија гази со помош на извонредниот Столе Димитриевски. Го добија тешкото гостување против Атлетик Билбао со 0:1. Голот го сочува македонскиот репрезентативец и покрај 14-те удари на домаќинот од кои 7 во рамки на гол. Валенсија и Ла Лига издвоија нова извонредна обрана на Столе, а неговиот тим повторно го величи на социјалните мрежи. Валенсија се искачи на 12-та позиција.

11 мај 2026 - 08:38