Столе ги раскажува драмолетките со Винисиус

Тензијата меѓу Столе Димитриевски и нервозниот Винисиус имаше две епизоди на терен. Втората заврши на насловната страница на Марка, па дури и во документарец на Нетфликс. Сопругата на голманот на Македонија, потоа добила куп пораки на Инстаграм од Бразилци, до толку што сакала да го затвори профилот.

Димитриевски во подкастот на Лазаров, детално опишува што точно се случувало и како Бразилецот, лесно паѓал на провокации.

Кога беше 0:0 на мечот на Бернабеу, топката излезе во корнер и јас ја држев далеку. Он не можеше да ја земе и ме бутна за да ми ја земе. Јас му реков: Вини, грешиш што ме буткаш, а тој на мене: Ќути, немој да зборуваш многу, цело време зборуваш. Продолжува мечот и јас му викам: Само паѓаш, престани да паѓаш, само сакаш пенал да шутираш, не можете гол да дадете. Провокација, знаеш? А тој: Ајде доста, затоа играш за Рајо. Потоа кога ми се доближи, му реков дека уште ме боли, а тој на мене: Ај доста. Му замавнав со рака, се уплаши и ми вика: Јас и ти ќе се видиме надвор. Да се тепаме. А ја му викам: Еј Вини, многу си мал. И после натпревар ништо. Инаку он се пали на тие провокации. Има едно видео, каде на десниот бек му вели: Еј си го уништил денеска Вини, а тој: Не може да ме фати.

Втората ситуација излезе на неговиот документарец на Нетфликс со слика на насловната на Марка, кај што сме јас и тој. Светска класа играч е, ама таков му е стилот. Инаку тоа што се случува на терен, останува на терен. Во тие ситуации ми се подигнува андреналинот, се прави тензија која ме дига. 10 дена пред втората ситуација не ја доби Златната топка. Од трибина почнаа да му скандираат дека ќе добие топка за на плажа. И почна да се нервира, а ја му викам. Вини играј, фокус Вини. Тој пак: Ти престани да зборуваш, само зборуваш. Тензија. Потоа во второ, пенал за Реал. Јас сакав он да го изведе, бидејќи го имавме добро анализирано на пенали. Најлесно беше да му се одбрани на него.

Го прашувам: Вини, ти ќе шутираш? А ти кој сакаш да шутира? Јас му велам: Ти. Потоа му ја фрли топката на Белингам, за тој да шутира и промаши. Потоа се нервираше, бидејќи он сакал да шутира, па почна да паѓа цело време во шеснаесетник. Дојде до мене и јас го повлеков за дрес, исто како со Габи и се изнервира. И како што го дигнав малце за дрес и се свртев, ми ги стави рацете на глава и јас паднав. Му дадоа црвен, а јас станав и искрено се исплашив да не ми дадат и мене црвен за провокација, тоа е Реал Мадрид. Но, ми дадоа жолт. Кога доби црвен со ВАР, полуде. Збесна. Циркус беше. Потоа Бразилци ја напаѓаа Ирина на Инстаграм, цела вечер.

На 1:59:40:

„За милиметар не потпишав со Барселона, Арапите ми нудеа 20 милиони“

13 ноември 2025 - 14:57