Упатства за паралелно паркирање

Последното домашно видео на тема жена версус паркинг, ја потврди тезата дека Господ на жените им дал да живеат просечно 8 години подолго од мажите само за да им го компензира времето изгубено на паркирање. Да пробаме да помогнеме на темава:

Со малку геометрија и неколку основни правила, можете да се бутнете секаде кадешто има макар и минимум место. А може и просто да си ја оставите колата кај ќе ви текне, и да станете богати и славни.

Еве го рецептот, кој само звучи комплицирано:

1. Застани паралелно со автомобилот кој е паркиран пред слободниот простор. Израмни ја задната оска на твоето тркало со неговиот заден браник. Сврти полн волан во негова насока.

2. Оди наназад, додека центарот на твоето задно тркало што гледа кон автомобилот не се израмни со надворешната линија на паркираните автомобили. Исправи и продолжи да одиш во рикверц.

3. Кога твоето надворешно тркало ќе се израмни со истата таа линија, сврти го воланот до крај, во спротивна насока.

4. Ако сè ти одело според планот, совршено си наместен. И никој притоа не е прегазен. Излези надвор и восхитувај си се. Ако си женско викни ги роднините и пријателите да се уверат.

--------------------------------

Една студија од Лондонскиот универзитет неодамна го одредила точното количество простор кој ви е потребен за да успеете во паралелното паркирање. Лесно е - сè што ви е потребно е шестар, долго метро, дигитрон, агломер, тефтерче, и некој да ве снима со мобилен дур го правите сето ова, за после да ви фаќаат сеир сите оние кои ова го прават „од око".

Формулата гласи вака:

r - радиусот на вртење на твојот автомобил
l - растојание меѓу оските на неговите тркала
k - оддалеченоста од центарот на предното тркало до предницата на колата
w - широчината на автомобилот зад кого паркирате

---------------------------------------------

Евентуално: Таканаречен J-turn, финта за паркирање на ептен малку простор. За истото има дури и Гинисов рекорд, со само 13 сантиметри екстра должина од автомобилот кој се паркира.

31 мај 2014 - 14:28