Интернационалната пауза или international break како што ја викаат, не може никако да се нарече пауза, барем не за репрезентативците кои треба да летаат до крајот на светот и назад.
Реал Мадрид го доби Еспањол на гости со 0:2 и само го одложи славјето на Барселона која води со +11 на 4 кола до крај. Губеле, не губеле титула, Винисиус држи лекции со двојно проигрување на различни начини.
Реал Мадрид го совлада Алавес со 2:1. Прекрасен гол на Винисиус, кој после голот им се извинуваше на навивачите. Има и зошто. Реал испадна во Куп уште во осминафинале, во ЛШ во четвртфинале, а во Ла Лига е втор на -6 од Барса која има натпревар помалку. Вториот гол го даде Мбапе. Од трибините можеа да се слушнат свирежи на крајот.
Бразил ја совлада Хрватска на пријателска со 3:1. Ги издвојуваме голот на Данило Оливеира за 1:0, односно контрата и потезите на Винисиус, кој цела работа му ја заврши и тоа против тројца чувари.
Игра за Реал Мадрид, заработува 20 милиони по сезона, има 14 трофеи и на крај публиката му е крива кога ќе загуби топка и се расправа со кој стигне на секој меч.
Мадридското дерби тешко поминува без некоја искра. Се чепнаа Диего Симеоне и Винисиус. Стратегот на Атлетико Мадрид наводно му рекол на Бразилецот: „Флорентино Перез ќе те избрка, запамти убаво што сум ти кажал“. Овој наседна на провокацијата, почна да се расправа, а судијата и на двајцата им даде жолт картон.
Тензијата меѓу Столе Димитриевски и нервозниот Винисиус имаше две епизоди на терен. Втората заврши на насловната страница на Марка, па дури и во документарец на Нетфликс. Сопругата на голманот на Македонија, потоа добила куп пораки на Инстаграм од Бразилци, до толку што сакала да го затвори профилот.
Шпанците по неколку дена се занимаваат со градското дерби. Објавија комуникација од теренот меѓу Винисиус и Коке: „Плачеш како бебе, гомно едно“. Одговорот на Коке: „Мбапе ти го јаде лебот (ти го краде вниманието). Тој е најдобар“.
Реал Мадрид го суреди Леванте на гости со 1:4 и со тоа ја продолжи низата во Ла Лига на 6 од 6. Деби гол даде Франко Мастантуоно, 18 годишниот аргентински талент кој летово пристигна од Ривер Плејт. Два збрца Мбапе од кој еден од пенал, но обрнете внимание на фелшот на Винисиус. Секоја чест.
Чаби Алонсо и Симоне Инѕаги дебитираа на клупите на Реал Мадрид и Ал Хилал со 1:1. Тие се во групата Х заедно со Салцбург и Пачука од Мексико. Одиме со головите на Гонзало Гарсија и Рубен Невес, но претходно со Винисиус кој по само 15 минути доби жолт за глума, а потоа распали со проектил за морници.
Знаат да ловат Шпанците пикантерии од терен и често пати објавуваат и коментираат разни ситуации, кои ние не ги гледаме во пренос. Една таква е од Ел Класико со Тибо Куртоа, кој го пцуеше Винисус. Бразилецот избрза, погреши со додавањето и за малку не примија уште еден гол.
Реал Мадрид се избори за финале во Копа дел Реј после луди 4:4 против Реал Сосиедад на Бернабеу на реваншот и победа на првиот дуел од 0:1. Потегот на мечот го има Винисиус, кој играше самба на терен.
Изгледавме хајлајтс од Реал Мадрид - Реал Сосиедад 4:4 и дефинитивно потегот на мечот го има Винисиус, кој со страшен пас го пронајде Ендрик, а овој финишираше атрактивно. Една од најјаките асистенции на Реал сезонава.
Мега средбата меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид беше добра прилика да се продолжи кошкањето меѓу навивачите на тема Златна топка. Винисиус не можеше да се помири што му ја дадоа на Родри, па навивачите на Сити освен со кореографија, го провоцираа и со реплика од самиот трофеј.
Што нога и мозок ќе имаше Уругваецот Федерико Валверде? Погледнете го мајсторот каде го најде Белингем, буквално преку цела одбрана. Ќе беше асистенција на сезоната во ЛШ. Штета.