Рафиња, Винисиус и Ендрик ќе прелетаат 87% од патот околу земјата

Интернационалната пауза или international break како што ја викаат, не може никако да се нарече пауза, барем не за репрезентативците кои треба да летаат до крајот на светот и назад.

Македонија во овој прв репрезентативен прозорец во Лигата на нации, сезона 2026/2027, ќе треба за првпат да одигра четири натпревари за само 11 дена. 

Дома со Швајцарија и Шкотска, како и две гостувања до Словенија и Швајцарија. Но тие две патувања се смешни во однос на тоа што ги чека Рафиња, Винисиус и Ендрик. 

Откако го одиграа последниот натпревар во шпанското првенство, тие одлетаа 17.456 километри до Бризбејн, каде што ќе одиграат два пријателски натпревари против Австралија. 

Оттаму, ќе летаат 8.897 километри до Калкута, Индија, за уште еден пријателски натпревар, а потоа ќе се вратат во Шпанија и ќе патуваат уште 8.574 километри. 

Бразилското трио од Ла Лига ќе помине неверојатни 35.000 километри или најмалку 50 часа во авион. Во превод тоа е околу 87% од патот околу Земјата.

Фудбалерите на Бразил одат на светска турнеја. Чувајте ги нозете дечки.

24 септември 2026 - 13:56