Тоа е за Вевчани.
Ја користиме оваа прилика да ве потсетиме на нашиот битолски фаворит Паљото со кого деновиве имавме чест лично да се запознаеме (благодарејќи на љубезното посредништво на Драги Рамбо) и да се увериме дека Паљото навистина е еден супер битолски лик кој искрено се надева дека Битолчани ќе знаат да останат своеглави и ќе гласаат за човекот кој нуди - спас за Битола, спас за Битола, спас за Битола....
"Не можам на цела држава, ама бар на Битола можам да ѝ помогнам", ни рече легeндарниот Конан од Широк Сокак. Одиме со едно биографско парче за Паљото, во кое раскажува дека како дете бил хиперактивен и правел хиперактивни работи, се додека неговата учителка, Ленчето, не им рекла на неговите:
- Ние веќе не можеме да издржиме.