Столе за 30 минути прими 4 гола од Барса

Валенсија, која е претпоследна на табела во Ла Лига, доживеа нов дебакл од Барселона (0:5) и во Купот каде ги завршува настапите во четвртфинале. Домаќините се распаднаа по само половина час игра кога на семафорот стоеше 0:4. Дел од навивачите го напуштија стадионот уште во 23 минута. Лоша вечер на Столе Димитриевски кој доби шанса во стартната постава.

Барселона ја торпедира Валенсија со 12 гола во 11 дена. Претходно во Ла Лига им дадоа 7. Синоќа во елемент беше Торес го постигна хет-трик.

Стрелци: Торес 3`, 17`, 30`, Лопез 23`, Јамал 59`

Головите од средбата

Приемот на Педри

Уште во 23 минута си заминуваа навивачи, на 0:3.

7 февруари 2025 - 09:10