Драг соседу,
Живеам во Дискавери Риџ. Син ми Флечер има 8 години и ќе биде облечен како Angry Bird (лик од видео игра). Флечер има сериозна форма на епилепсија. За да ја лекуваме и да спречиме нови напади, Флечер мора да биде на медицинска диета, наречена кетогенска. Диетата е ригорозна и исклучува многу видови јадења, вклучувајќи ги сите видови бонбони и слатки.
Очигледно, Хелоуин ќе биде незгоден празник за него бидејќи сите негови пријатели ќе добиваат секакви слатки. Тој е многу возбуден и едвај чека да дојде празникот. А ние сакаме Флечер дента да учествува во што е можно повеќе настани.
Затоа, набавивме мали играчки кои Флечер може да ги добие наместо слатко. Една од играчките е прикачена на ова писмо. Нашето барање до вас е кога Флечер ќе дојде на вашата врата, наместо да му дадете слатко, да му ја дадете таа играчка (тој ќе биде со мене и ќе се претстави како Флечер).
Ви благодариме што помагате Хелоуин да биде посебен ден и за Флечер.
Ваш,
Ален, таткото на Флечер