Таг: валенсија

Скандалозен крај на Местаља, Белингем даде гол, судијата свирна крај

Валенсија и Реал Мадрид одиграа натпревар со ретко виден финиш во фудбалот. При резултат 2:2, во 99 минута, гостите преку Белингем постигнаа гол за победа, но судијата го поништи со образложение дека е крај на мечот.

Последната победа на Лацио во нокаут фаза од ЛШ e со еврогол на Верон

Опта излезе со податок дека синоќешниот триумф на Лацио против Баерн им е само втор во нокаут фаза од Лига на шампиони. Да видиме кој е првиот.

Два страшни проектили во Шпанија, едниот го прими Столе

Лукас Окампос од Севиља и Серхи Канос од Валенсија ги ставија на страшни маки голманите на Гранада и Рајо Ваљекано. Севиља славеше 0:3, а Валенсија 0:1. Столе не ја виде топката од што беше јак ударот.

Што сè се случи во 107 минутната тензија и драма на Местаља?

Расистички навреди, провокации, тегнење, удирање, црвен картон, ВАР и на крај победа на Валенсија над Реал. Во главна улога Винисиус кој го изеде најдебелиот крај.

Гризман му донесе 3 бода на Атлетико, ама сите зборуваат за ракетата на 19 годишниот Американец

Со голот на Антоан Гризман во 66 минута, Атлетико Мадрид ја совлада Валенсија на гости. Иако беше поништен поради фаул, домаќините сигурно уште долго ќе го зборат овој лудачки проектил на младиот репрезентативец на САД, Јунус Муса.

Два убави гола на Камп Ноу по 13 минути фудбал

Роналд Куман синоќа веројатно си легнал насмеан. Агуеро дебитираше, Кутињо даде гол, Барса му победи 3:1 и е на -5 до првата позиција со натпревар помалку. За одбележување се 5-та и 13-та минута на Хозе Гаја и Ансу Фати. Бисерот на Барселона стана прв играч кој успеал да постигне 13 гола во Ла Лига пред да наполни 19 години.

Во таа лева нога имаше повеќе магични трикови отколку во џебот на кловн

Леонардо Нашименто де Араухо. Бразилецот кој правеше чудесни дриблинзи во дресовите на Фламенго, Сао Пауло, Валенсија, Кашима Атнлерс, ПСЖ и Милан. Освои многу трофеи, највреден секако е златниот пехар со Бразил на Светско првенство 1994 во САД. А негов најубав гол во кариерата? Во дресот на Кашима во Јапонија.

Валенсија напушти терен на сред натпревар поради скандал

Голем расистички скандал го здрма шпанскиот фудбал откако фудбалер на Кадиз наводно го навредил францускиот стопер од Валенсија кој барал подоцна од играчите да ја одбранат честа на клубот и доиграат до крај.

Жални фотографии од култниот стадион „Местаља“ во Валенсија

Шпанските стадиони веќе една цела година се празни, без гледачи поради глобалната вирусна пандемија. На легендарниот стадион на Валенсија веќе израснала и трева околу столиците.

Патрик Кутроне играл за 3 клуба за 2 месеци

Најголемо фудбалско патешествие од почетокот на глобалната пандемија имаше некогашниот центарфор на Милан кој никако не успева да најде права средина кај што ќе игра повеќе.

Спектакуларен еврогол на српски фудбалер против Атлетико

Атлетико Мадрид и Валенсија одиграа 1:1 по првите 45 минути во шпанскиот шампионат. Гостите поведоа по само 11 минути игра преку 22 годишниот Урош Рачиќ кој ја опали на прва, ама ептен домаќински.

Сусо се отвори и ја освои Местаља

Пред спортската среда, вечерва имаме фудбалско загревање во Шпанија каде во центарот на вниманието е Сусо. Севиља повлече брза контра, а поранешниот член на Милан го постигна голот на колото за 3 бода освоени на 10 минути до крај.

Првпат во историјата на Ла Лига, 3 пенали беа досудени против Реал

Иако беше голем фаворит на гостувањето на „Местаља“ пред сè зошто на Валенсија ѝ замина пола екипа пред почетокот на сезоната па тренерот едвај го убедија да остане, Реал Мадрид доживеа кошмар.

Приказна за Ектор Купер - малерозниот гениј со чудна судбина

Човекот по природа е навикнат да им се диви на победниците, но понекогаш историјата на вечните губитници знае да биде интересна и не заслужува помало внимание.

Сензационален слалом на Местаља за паметење

Роналдињо и Меси не се единствени мајстори кои во Ла Лига легнале на колена четворица противнички играчи тргнувајќи од центар. Цела Шпанија викендов зборува за Гонзало Гуедес од Валенсија пред кој капитилураше скоро пола екипа.

Артурито од Ла Каса де Папел навива за Валенсија, би ограбил банка за Меси

Глумецот Енрике Арсе е многу познат во Шпанија. Се дружи со капитенот на Валенсија Дани Парехо, го обожава митскиот Аргентинец Кемпес и сака играчите да ги имаат квалитетите на ликот Берлин.

Единствениот гледач на мечот Валенсија - Аталанта

Се родил слеп на едното око, но продолжил да купува сезонски билети, потоа ослепел и на другото, но и тогаш не престанал да оди на стадион. Некои фудбалски натпревари едноставно не може да се одиграат без публика.

Покер на Иличиќ во голеадата пред празен стадион во Валенсија

Во сенка на глобалната хистерија околу коронавирусот, вечерва се одиграа првите реванши од 1/8 финале на ЛШ. Аталанта ѝ даде 4 гола на Валенсија,  феноменалниот Иличиќ со 5 гола во двомечот.

Аталанта Бергамо пишува историја, на прагот се од 1/4 финале

Во своето прво историско учество во Лига на шампиони, Бергамашите направија подвиг и се пласираа во нокаут фаза. А таму вечерва за 60 минути до врв ја наполнија мрежата на Валенсија и со една нога се во четвртфиналето. РБ Лајпциг направи огромен чекор за 1/8 финале.

Голман ти држ го твојот дел, другиот јас ќе го бранам

Валенсија ја совлада Селта 1:0, ама тоа немаше да се случи ако голманот во еден момент не добиеше помошник. Тоа е подвижниот Дани Парехо кој на многу интелигентен начин го спаси голот.

Што е со мрднатиов гол на Валенсија?

Шпанскиот состав синоќа му израмни на Челси на 2:2 во 82-ра минута со едно чудно голчиште на Даниел Вас. Не сме на чисто дали сакаше да ја нафрли или не, ама како и да е ова што го изведе не е нормално.

Третиот гол на Валенсија беше бомбастичен

Тимот од Местаља губеше 0-1 на полувреме од Лил во ЛШ, ама во второ заиграа како треба и со 4-1 го потопија францускиот претставник. Третиот гол за домашните го даде токму Французин, Кондогбија, од 30 метри.

Еврогол во стилот на Барди

Не за џабе го споредуваме голчиштево со наш човек, затоа што во шпанскиот фудбал токму Енис Барди знае вака да ја свитка. Во исчекување на неговото деби ремек дело за сезонава, да уживаме во она на Дани Парехо од Валенсија кој ги постигна конечните 1:1 во Мадрид.

Навивачите на Ајакс направија опсада на Валенсија

Секаде низ Европа каде гостува нивниот клуб, навивачите на Ајакс Амстердам гостуваат по неколку илјади души. Кортеото (маршот) кој го прават понекогаш е долг километри.