Каталонците ја прекинаа лошата серија од само една победа на последните 8 меча во Ла Лига и тоа со немилосрдни 7:1 против Валенсија, за која бранеше Мамардашвили.
Гостите беа поразени веќе во 24 минута од мечот кога на семафорот стоеше 4:0, а на полувреме беше 5:0.
Хуго Дуро намали во 59 минута, но следуваа нови два гола на домаќините. Во листата на стрелци се запишаа Френки де Јонг, Феран Торес, Рафиња, два пати Фермин Лопез, Левандовски и на крај автогол си постигна Тарега.
На овој меч Барса дојде до гол број 100 оваа сезона на сите натпреварувања, од кои 59 им се во првенство. Клупскиот рекорд го држи Пеп Гвардиола.
Барселона има 42 бода и е на -3 од Атлетико и -7 од Реал Мадрид. Атлетико имаше нов кикс викендов и одигра само 1:1 дома против Виљареал, а Реал со хет-трикот на Мбапе го совлада Ваљадолид на гости.
100 - Barcelona have scored 100 goals in just 32 games in all competitions under Hans-Dieter Flick, making him the second fastest manager to reach that figure with Barça after Helenio Herrera in 1959 (31 games). Engineering. pic.twitter.com/5I2zQfD2UQ
— OptaJose (@OptaJose) January 26, 2025
3 - Barcelona have scored three goals in the first 15 minutes of a LaLiga match for the third time in the entire 21st century, after doing so in April 2008 against Valencia and October 2008 against Atlético de Madrid. Steamroller. pic.twitter.com/EercCBzgsO
— OptaJose (@OptaJose) January 26, 2025
Barcelona put SEVEN past Valencia, the second time this season they’ve put seven goals past an opponent 🤯
— Pubity Sport (@pubitysport) January 26, 2025
Flick’s created a goal scoring machine 😤 pic.twitter.com/KkSIyygSHC