Претпоследно пласираната Валенсија може само да жали од вечерашниот исход против Реал Мадрид, бидејќи беше на само неколку минути до сензација.
Домаќините имаа водство од 27 минута со голот на Дуро кое успеаа да го сочуваат до 85 минута, кога нововлезениот Лука Модриќ израмни на 1:1.
Се играше 96 минута од судиското продолжение во кое еден од дефанзивците на Валенсија буквално му ја подаде топката на Белингем кој направи целосен пресврт.
Столе Димитриевски бранеше фантастично речиси на целиот натпревар, а во вториот дел имаше кошкање со Винисиус за што Македонецот доби жолт, а Бразилецот црвен картон.
За одбележување се и 55 и 59 минута во кои Белингем очи во очи со Столе од 11 метри ја погоди стативата, а потоа на Мбапе му беше поништен гол со ВАР.
Кулминација на возбудата беше 10 минута од судиското продолжение во која Луис Риоха упати проектил и го погоди внатрешниот дел од стативата.