18 април 2000-та е датумот кој стои во историјата на клубот од Рим, кога ја оствариле првата победа во елиминациона фаза во најквалитетното клупско европско натпреварување.
За навивачите на Лацио ова е носталгија и пол која наполни веќе 24 години. Тогаш освоија Скудето, Куп и Супер Куп на Италија, а една година претходно и два европски трофеи, Супер Куп на Европа против Манчестер Јунајтед на Фергусон и Куп на Купови на победници со Мајорка.
Сонуваа и за Лига на шампиони ама не успеаа да ја минат тогаш силната Валенсија со Мендиета, Клаудио Лопез, Канизарес, Кили Гонзалес, која стигна до финале.
2 - #Lazio have won a match in the knockout stage of the #ChampionsLeague for the second time in their history- after a 1-0 win v Valencia in 2000; furthermore, the last Italian team to beat Bayern Munich in a European competition was Inter in 2011. Success.#LazioBayernMonaco pic.twitter.com/nC21W67z7W
— OptaPaolo (@OptaPaolo) February 14, 2024
Се сретнаа во четвртфинале, фаза во која тогаш се играше веднаш после освојување на едно од првите две места во групите.
На голот Маркеџани, во одбрана Неста, Михајловиќ, Негро и Панкаро, средина со Верон, Алмеида, Недвед и Консеисао и во напад дуото Бокшиќ - Салас. Каков страшен состав.
Во 3 по полноќ да разбудите навивач на Лацио, ќе ви го каже од прва, а потоа ќе продолжи со Станковиќ, Симеоне, Манчини, Инѕаги, Коуто, Балота, Сенсини.
Лацио ја доби Валенсија 1:0 со многу јак гол на Хуан Себастијан Верон, едно од најјаките имиња во среден ред во тоа време. Тоа беше реванш четвртфинале, недоволно за да одат понатаму после дебаклот од 5:2 во Шпанија.
Генијалниот Сари го скроти Баерн, Минхенците без шут на гол
Величествената атмосфера на Олимпико
Чудниот статистички податок на Баерн против Леверкузен и Лацио