Преполниот „Олимпико“ го нокаутираше грогираниот Баерн Минхен кој после дебаклот од Баер Леверкузен во Бундеслига претрпе уште еден пораз.
Лацијалите имаа френетична поддршка од трибинита на стадионот кој тифозите го исполнија како ретко кога досега.
Баерн Минхен не успеа да го пробие бедемот на Лацио односно генијалната поставка на Маурицио Сари кој тактички го надмудри Томас Тухел.
Во 69' минута од мечот стоперот Дајо Упамекано направи груб фаул над Данецот Исаксон и главниот судија оправдано досуди пенал.
Го реализираше најдобриот стрелец во историјата на Лацио, капитенот Чиро Имобиле за луда еуфорија и транс на трибините на „Олимпико“. Баерн Минхен тогаш остана и со играч помалку зошто Упамекано доби директен црвен картон за грубиот фаул.
Бјанкочелестите успеаа да го одбранат водството и со пристојна предност ќе патуваат во Минхен.
ПСЖ - РЕАЛ СОСИЕДАД 2-0 (0-0)
/Мбапе 58', Баркола 70'/
На вториот дуел вечерва од осминафиналето, Пари Сен Жермен го одбрани домашниот терен и на „Парк на Принцеви“ рутински го доби Реал Сосиедад така што Парижаните на реваншот во Баскија ќе одат со голема предност.