Таг: лацио

Еврогол на Барела, историски дебакл на Лацио

Требаше да биде дерби на колото меѓу две екипи во топ форма и со ист број на бодови, но се претвори во кошмар за домаќините кои не паметат ваков пораз во Рим.

Ајакс забрани гостински навивачи, ама тројца лацијали од Македонија влегоа на Јохан Кројф

Сегде нè има и често виси македонското знаме на натпреварите на Реал, Барса, Ливерпул, Милан, Интер, Јуве...Наши навивачи често патуваат во Лига на шампиони, ама и во Лига Европа. Тројца Македонци го бодреа Лацио среде Амстердам и тоа после забрана со остро соопштение на четири кратниот европски првак.

Опасно ретро старо 20 години: Адриано и Рекоба, против Пандев и Роки

30 октомври 2004, Лацио - Интер 1:1. Горан е во прв состав на 21 година и игра против Занети, Камбјасо, Станковиќ, Кордоба, негови идни поранешни соиграчи со кои ќе ја освои тројната круна. Во Интер е и Синиша Михајловиќ со тазе направениот трансфер од Лацио. Па уште и Давидс и Верон им се во состав. Какви времиња.

Лацио извади опасно ретро со Пандев во ЛШ

3 октомври 2007. Како вчера да беше кога ја гледавме на МТВ. Горан Пандев со два комада против Реал Мадрид, за делириум на Олимпико.

Знам дека брзаме, ама и навивачите се важни

Холанѓанецот Тијани Нослин кој премина од Верона во Лацио, уште на старт покажа респект кон навивачите и покрај тоа што шоферот го напнуваше дека мора да тргнат. Фудбалот се игра за навивачите. Го знае тој тоа. Аплаузи доби за гестот.

Протест на навивачите на Лацио со канта за ѓубре

Симболичен, ироничен, но вистинит и силен гест на навивачите, на планинското место Ауронцо ди Кадоре, каде Лацио ги почна подготовките за новата сезона.

Со спанко од газда, Лацио може само да сонува повторно за вакви сцени

Налетавме на видео од прославата на Скудетото на Лацио 2000-та. Многу јак клип со моќна нумера. Но ова е пред 24 години, од едни други славни денови на тимот од Рим, со поинакво сопствеништво предводено од господин Серџио Крањоти кој правеше рекордни трансфери во Европа.

Така ќе биде меѓу нив, вечно

На некои дијалози едноставно не е потребен звук за да сфатиме што се прави муабет.

Едно минутен носталгичен празник за сите пари

Слушајте го ехото, почувствувајте ја атмосферата и гледајте ги фаците на терен. Свен Горан Ериксон vs Алберто Ѕакерони. Неста, Михајловиќ, Верон, Бокшиќ, Салас од едната, Малдини, Костакурта, Албертини, Шевченко, Веа од другата страна. 25 години поминало од оваа легендарна средба која заврши со спектакуларни 4:4. Како вчера да беше. Хет-трик на Шева. 65.000 на Олимпико.

Последната победа на Лацио во нокаут фаза од ЛШ e со еврогол на Верон

Опта излезе со податок дека синоќешниот триумф на Лацио против Баерн им е само втор во нокаут фаза од Лига на шампиони. Да видиме кој е првиот.

Величествената атмосфера на Олимпико

Во Рим синоќа беше голем фудбалски празник кој лацијалите го прославија со 1:0 против големиот фаворит Баерн Минхен. Увертирата пред мечот беше нешто посебно. Легендарната „My Way“ од Френк Синатра со пејач на терен, но и со хор од 60.000 навивачи.

Седум лацијали од Македонија сведоци на голот број 200 на Имобиле, вреден победа над Феенорд

„Многу Италијанци мислат дека за Лацио навиваме поради Пандев, а ние им објаснуваме дека страста потекнува уште од времето на Крањоти, за кој имаме тазе анегдота и тоа во кафулето кое го посетува секоја недела, а во кое седевме ден после победата“.

Неапол почна да еруптира уште кога Интер поведе против Лацио

Наполитанците се спремаат за историја. Лацио поведе во првиот дел против Интер на мечот од 12:30, резултат со кој ќе го одложеше огромното славје во Неапол, но Интер направи пресврт кој беше бурно поздравен од страна на навивачите на Наполи кои рокаа петарди на големо. Со триумф над Салернитана од 15 часот се и математични шампиони.

Навивач на Лацио му предвидува на Наполи дебакл и во Серија А

Италијанскиот фудбал е хит сезонава со претставници во нокаут фаза на сите европски натпреварувања. На крајот почнува да станува и забавно.

Белгиски фудбалер леташе во сала со 200км на час и остана жив

Поранешниот фудбалер на Киево и Лацио, Софијан Кијен кој моментално игра во Белгија, на вчерашниот датум треба да почне да направи слава.

Симеоне, Станковиќ, Манчини, дури 22 играчи од шампионската генерација на Лацио се пробаа како тренери

Кога Симоне Инѕаги и Серџо Консеисаио синоќа се ракуваа на Меаца на мечот Интер - Порто од ЛШ, коментаторите веднаш констатираа дека тоа се двајца соиграчи од Лацио кои ја освоија последната титула во 2000-та.

Лацијалите збеснаа во соблекувална и славеа со семафорот

Дербито меѓу Рома и Лацио во Рим важи за меч на сезоната кој со душа го чекаат навивачите. Лацио го доби со еден гол, кој играчите го овековечија на семафорот во соблекувалната.

Три голчишта на Олимпико, асистенција на Елмас, победа на Наполи во 94-та

По низа од неколку натпревари, Лучано Спалети одлучи да го седне на клупа Елиф Елмас, што сепак се покажа како добар рецепт. Македонскиот репрезентативец влезе, го освежи нападот на Наполитанците и по шест минути направи асистенција за водство.

Газдата на Лацио не знае да го изговори играчот со кој направи мучки

Клаудио Лотито држи два клуба, Лацио и Салернитана, која инаку за 10 години од четврта ја избутка до прва лига, а потоа направи финта, како да не фигурира како газда на вторите. Во 2020-та „купи“ или поточно речено “прати“ еден анонимус од среден ред со сомнителни квалитети, од Лацио во Салернитана.

Најлошиот „No look pass“ во историјата на фудбалот

Не е Неста, ниту Михајловиќ, а најмалку Јап Стам, туку Патрик. Стопер на Лацио, светлосни години далеку по квалитет од многу негови претходници. На старт на натпревар во рок од 3 минути примаaт два гола од Наполи, а дрвцево му одзема топка на Инсиње и глуми Рамос. Цела Италија му се смее.

Фото на колото за која како да ви кажеме

Викендов се играше Лацио - Јувентус, меч од кој на социјалните мрежи кружи фотографија за која штета што нема инфо. Барем да дознаевме од каде е ликов.

Економска револуција во Лацио кој изненади со своја криптовалута

На последниот првенствен натпревар на Лацио против Интер, на дресовите на бјанкочелестите пишуваше „Binance“. Не е тоа компанија за производство на домати како што им беше едно време „Cirio“, туку спонзор кој ги внесува во новиот дигитален свет и во поблиска врска со навивачите.
 

Тренерот на Лацио со орлица на рака ја прослави победата против Рома

Во големото римско дерби Лацио со 3:2 ја совлада Рома а бјанкочелестите знаеа да ја прослават победата. Тренерот Маурицио Сари ја сподели среќата со фамозната орлица - грб и симбол на фудбалскиот клуб Лацио на стадионот „Олимпико“.

Одбојкарски смеч на Лацио во Лига Европа

По поразот од Милан, Лацио под водство на Сари бележи нов пораз, овој пат од Галатасарај со 1:0. Голот за 3 бода на домаќините им го подари Томас Стракоша, кој втора сезона му е замена на Пепе Реина. Трагикомедија, невидена и во романска четврта лига.