Лацио е вториот финалист во Купот на Италија, каде ќе игра по 11-ти пат во својата историја, откако ја исфрли Аталанта на пенали.
Херој на мечот е 21 годишниот Едоардо Мота кој им фати на домаќините дури четири пенали и тоа на Скамака, Запакоста, Пашалиќ и Де Кетелар.
По оние 2:2 во Рим, реваншот во Бергамо заврши 1:1 во регуларните 90 минути. Резултатот го отвори Ромањоли во 84-та минута, израмни Пашалиќ само 2 минути подоцна.

Гостите на пенали беа подобри со 2:1, откако погодија Исаксен и Тејлор. Прецизен за домашниот тим беше само Распадори во првата серија.
Потоа Мота одлепи со четири одбранети пенали по ред. Анонимниот голман на Лацио дојде во јануарскиот преоден рок за 1,2 милиони евра од второлигашот Реџана.
Откако Иван Проводел се повреди, Мота доби шанса да дебитира во Серија А на 9 март против Сасуоло. Синоќешната претстава беше чудо за младиот и неискусен голман, кој доаѓа од нисколигашки фудбал.
Финалето е закажано за 13 мај во Рим, каде Лацио за противник го има Интер, кој го елиминираше Комо.
Questo momento qui 🫠#AtalantaLazio#AvantiLazio pic.twitter.com/3DPPAT6VJQ
— S.S.Lazio (@OfficialSSLazio) April 22, 2026