Таг: аталанта

Со ваков лоб не можеш да се надеваш на полуфинале

Ако за некој тим можеше да се каже дека е фаворит во четвртфиналињата од ЛЕ и еден од главните конкуренти за трофејот, тоа сигурно е Ливерпул. Но Аталанта не е од вчера, а напаѓач од рангот на Салах не може да си дозволи ваква завршница, особено кога бркаат негатива од 0:3.

На 0:3 Енфилд Роуд почна да се празни

Ете затоа не ги сакаме, а ниту ги разбираме оние веќе здодевни споредби на социјалните мрежи за тоа која лига е најдобра. Италијанско било тапа, Премиер лига била најјака, омилена теза на дежурните Фејсбук критичари. Ливерпул - Аталанта конечни 0:3, во првото четвртфинале од ЛЕ. Кој очекуваше?

Фиорентина го има голот на сезоната во Купот на Италија

Спортската среда воопшто не беше сиромашна. Играа и пoбедија Манчестер Сити, Арсенал, ПСЖ, Баер Леверкузен, Фенербахче, Динамо Загреб. Ама никој не може да се пофали со ремек дело како она на Роландо Мандрагора кој на Фиорентина и обезбеди предност од 1:0 против Аталанта, во првата полуфинална пресметка од Купот. Што е со траекторијава? Роберто Карлос дали се слушаме?

Милан елиминиран во Куп со смешен пенал

Милан ја загуби четвртфиналната битка во Купот на Италија од Аталанта со 1:2 и покрај тоа што поведе со голот на Леао. Двата гола за гостите ги постигна Теун Купмајнерс, вториот од пенал, кој изгледа на непостоечки. Но не е само тој момент спорен. Судијата синоќа по сè изгледа ги измешал брзините со пеналите.

Како може да се случи Серија А следната сезона да има 8 екипи во Европа?

Завесата во италијанскиот фудбал викендов ќе се спушти на мега возбудлив начин. Интер и Милан се борат за Скудето во последно коло, а доста неизвесно ќе биде и за излез на меѓународна сцена.

Кан и Буфон заедно не го бранат автоголов на Аталанта

Три сезони по ред играат во ЛШ од кои во првата стигнаа до историско четвртфинале. Но оваа сезона не се тоа што беа и се борат грчевито за ЛЕ. Синоќа се спасуваа дома од пораз против Торино и на крај стасаа до 4:4. Швајцарецот Ремо Фројлер душмански си ја заби во гол. Аталанта на четири кола до крај е осма на табела.

Избега од бомбите во Украина и стана МВП во дресот на Аталанта благодарение на Малиновски

Руслан Малиновски од Аталанта е еден од оние фудбалски ликови кои работат на помирување, но и спасување на луѓе од хоророт кој му се случува во татковината. Му подаде рака на талент од Шахтјор кој блесна за тимот од Бергамо.

Путин и Зеленски да го видат ова

Директорот на Аталанта Умберто Марино пред неколку дена рече дека врската меѓу Малиновски и Миранчук е пример за тоа какви треба да бидат работите и дека тоа е искрено пријателство помеѓу две момчиња кои претставуваат два многу слични народи. Пораката на убав начин ја испратија и навивачите на Аталанта на синоќешниот меч против Баер Леверкузен.

Русин од Аталанта даде голчиште и го прослави со спуштена глава

Во други околности ова ќе беше гол за величање, бидејќи исфрли четворица од игра во стилот на Меси, ама Алексеј Миранчук демонстрираше јасно што е најважно во моментов.

Два гола на Малиновски кој се молеше пред камера за Украина

Тешка ноќ за украинските фудбалерите, кои додека се бореа синоќа на терен, со мислите беа кај својот народ. Еден од нив беше украинскиот репрезентативец Руслан Малиновски.

Ремек дело на Малиновски против Јуве, кандидат за гол на сезоната во Серија А

Во ситуација и кога ги немаат стандардните Иличиќ и Ѕапата, Аталанта секогаш знае да извади силно оружје. Овој пат тоа беше Украинецот Руслан Малиновски кој влезе како џокер во второ и му испука бомба на Јувентус, кој се спаси од пораз во судиско.

Мајтапот на Де Рон за снегот во Бергамо

Мечот меѓу Аталанта и Виљареал е преместен за вечерва од 19 часот поради обилни вржени од снег синоќа во Бергамо. Мартен Де Рон беше јак со твитот. Еве сме вели, доаѓаме да играме со Ѕапата и Копмајнерс.

Без гајле момци, ќе ја шутирам директ во гол

Голејадата во Лига на шампиони се случи на мечот Јанг Бојс - Аталанта, конечни 3:3, а точка на мечот на 2 минути до крајот стави Луис Муриел. Многу мајсторски и штосно изведен слободен удар. Ем преку жив ѕид, ем ниска на гол линија, да тапне таму кај што не се брани.

Забавена снимка од контроверзниот гол на Манчестер за 2:2

Чудни и несфатливи се на моменти критериумите за тоа дали и кога е потребна ВАР снимка за да се прегледа спорен момент. Токму поради една таква ситуација, Аталанта е оштетена и остана без победа во судиското продолжение. На голот на Роналдо му претходи апла играње со рака на Мејсон Гринвуд, кој потоа од рака си ја мести на нога и ја прави клучната асистеција за реми.

Нова трилер завршница во режија на спасителот Роналдо, осминафинале за Баерн и Јуве

Фудбалерите на Аталанта ја делеа мигови од одмазда и голема победа над Манчестер Јунајтед, но радостa им ја спречи кој друг ако не Роналдо со гол во 91-ва минута за конечни 2:2, кој патем беше двоен стрелец. Хет-трик на Левандовски, рутинска победа на Јуве и важни 3 бода на Барселона благодарение на Фати.

Ама го изеде срамот Муриел

Во Серија А е кланица за местата во ЛШ. Милан е втор со 66, Аталанта и Јуве имаат по 65, Наполи 63, Лацио 58 со меч помалку. Фудбалерите на Аталанта синоќа водеа на полувреме против Рома и можеа да лапнат 3 бода и да бидат втори. Но Луис Муриел ја имаше утката на месецот и место 0:2, мечот заврши 1:1.

Аталанта создава гол шанса, а судијата свири крај

Не беше баш коректна судиската одлука на главниот арбитар на крај на прво спрема Аталанта. Кога на семафорот стоеше 44:59, а гостите правеа акција од која можеше да падне и гол, тој реши да им ја прекрати. И коментаторите реагираа. Секогаш во вакви ситуации се остава да одат во напад.

Аталанта го изненади Реал со штосен слободен удар, ама не и со пресврт

Манчестер Сити и Реал Мадрид ги оправдаа фаворитските улоги и со нови победи на убедлив начин стигнаа до четвртфинале. За одбележување се евроголот на Де Брујн и слободниот удар на Аталанта која им ја криеше топката на Кралевите со помош на сопствен жив ѕид.

Иличиќ влезе во игра па Гасперини го извади

Нејасно е дали сега има некаков конфликт со тренерот Гасперини или мирно и сталожено ја прифатил неговата одлука да го смени брзо откако влезе во игра, за да сочуваат 0:0 со Реал.

Кралевите го освоија Бергамо во 87-ма, Сити гази со 19 победи во низа

Со убавиот гол на Ферланд Менди од 20 метри, Реал Мадрид стигна до гостинска победа против незгодната Аталанта. Манчестер Сити обезбеди солидна предност на гостувањето против Борусија Менхенгладбах.

Му го спуштија на Ибра од Аталанта

Златан го доби дуелот со Ѕапата во свој стил, ама на зборови, видео кое веднаш се рашири. Но тешко дека ќе има сега што да му одговори на Мартен де Рон после оваа негова објава на Инстаграм.

Извлечени паровите во ЛШ: Мега дерби Барса - ПСЖ, Лампард на Чоло

Супер дуели ќе гледаме во нокаут фазата од елитното друштво. Френки Лампард ќе се судри со бандата на Чоло Симеоне, Ливерпул имаше горе-долу добра ждрепка и ќе игра против германски Лајпциг. Меси и Барса ги чека јако дерби.

Кое играчиште е овој Гомез, само за голчишта го бива

Нова сезона, нов импресивен старт на Аталанта која деби сезоната во ЛШ ја заокружи со сензационално четвртфинале. Еве ги повторно со експлозивен старт уште во првото коло против Митјиланд на гости, каде имаат 0:3 за само едно полувреме. Папу Гомез ја искина мрежата.

Навивачката пратња на Аталанта

Што е со оваа Аталанта? Завршија трети со повеќе голови од Јуве и пласман во четвртфинале во ЛШ и тоа уште во деби настапот. Сезонава пак ги здробија сите први три противници, ама убедливо во нивен стил. Лацио 1:4, Торино 2:4 и Каљари 5:2.